„Заеднички кревет и маса“ (француски: Domicile conjugal) е француско-италијански филм од 1970 година, во режија на Франсоа Трифо (François Truffaut). Трифо е и еден од авторите на сценариото, заедно со Клод де Живре (Claude de Givray) и Бернар Ревон (Bernard Revon). Главните улоги ги играат: Жан-Пјер Лео (Jean-Pierre Léaud), Клод Жад (Claude Jade), Хироко Бергхауер (Hiroko Berghauer), Барбара Лаге (Barbara Laage), Даниел Жирар (Daniele Girard), Клер Диамел (Claire Duhamel), Даниел Булонже (Daniel Boulonger) и Даниел Секалди (Daniel Ceccaldi). Филмот претставува четврто продолжение на серијата за Антоан Дуанел, започната со филмот „400 удари“. Во филмот се прикажува стапувањето во брак на Антоан, првата брачна криза и причините за разводот. Но, и покрај сериозниот заплет кој има полуавтобиографска позадина, сепак филмот го задржува ведриот тон на претходниот дел од серијата за Антоан. Основната разлика во однос на претходниет три филма се состои во настојувањето на Трифо да го претстави својто филмски јунак како млад човек кој се наоѓа на клучната раскрсница меѓу безгрижната малдост и обврските што ги носи зрелата возраст. Режиран во духот на францускиот нов бран, и овој филм наишол на блескави оцени од критиката.РТС, Заједничка постеља и сто (пристапено на 20.4.2019)Zajednički stol i postelja, francusko-talijanski film (пристапено на 14.5.2022)
Синопсис Конечно, на возраст од 26 години, Антоан Донаел (го игра Лео) стапува во брак со Кристин (ја игра Жад) и тие почнуваат среќен заеднички живот. Тој работи во цвеќарница, додека таа е професорка по виолина. Тие живеат во нов сопствен стан, а во соседството живеат необични, но симпатични луѓе. Набргу, по една незгода, Антоан ја напушта работата и се вработува во американска фирма која прави макети на бродови со далечинско управување. Еден ден, тој ја запознава убавата Јапонка Кјоко (ја игра Бергхауер) и започнува љубовна врска со неа, независно од тоа што Кристин е бремена.
Наводи
Категорија:Филмови од 1970 година Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на Франсоа Трифо Категорија:Филмови со Жан-Пјер Лео Категорија:Филмови со Клод Жад Категорија:Филмови со Хироко Бергхауер Категорија:Филмови со Барбара Лаге Категорија:Филмови со Даниел Жирар Категорија:Филмови со Клер Диамел Категорија:Филмови со Даниел Булонже Категорија:Филмови со Даниел Секалди Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Франција Категорија:Француски филмови Категорија:Италијански филмови