мини|Имунитетот на стадото ги штити ранливите заедници Колективен имунитет е форма на индиректна заштита од инфективни болести кој се јавува кога голем процент од населението имаат стекнато имунитет кон одредена инфекција, со што се обезбедува заштита за лицата кои не се имуни. Во популација во која голем дел од луѓето се имуни, се запира или забавува верижното ширење на инфекцијата. Колку е поголем бројот на имунизирани лица, толку е помала веројатноста оние кои не се имунизирани да дојдат во контакт со заразено лице.
Поединечниот имунитет може да биде здобиен преку стекнување на инфекцијата или преку вакцинација. Некои лица не можат да бидат вакцинирани од медицински причини и за оваа група колективниот имунитет е важен метод на заштита. Откако ќе биде достигнат одреден праг на имунизирани лица, колективниот имунитет постепено ја елиминира болеста од популацијата. Оваа елиминација, доколку се постигне на светско ниво, може да резултира со трајно намалување на бројот на заболувања на нула, што се нарекува ерадикација на болеста. Овој метод беше искористен за ерадикација на големи сипаници во 1977 и за регионална елиминација на други болести. Колективниот имунитет не се однесува на сите болести, туку само на оние што се заразни, односно оние кои можат да бидат пренесени од едно лице на друго. Тетанусот, на пример, е инфективен но не е заразен, па колективниот имунитет не се однесува на него.
Терминот колективен имунитет првпат бил користен во 1923. Бил признаен како природна појава во 1930-тите кога се увидело дека откако значителен број на деца биле имунизирани против морбили, бројот на новоинфицирани опаднал, вклучително и меѓу ризичните деца.** Оттогаш масовната вакцинација со цел индуцирање на колективен имунитет станала честа и обезбедила успешна превенција од ширење на многу заразни болести. Отпорот кон вакцинацијата претставува предизвик за одржувањето на колективниот имунитет, со што се овозможува болести кои може да се превенираат, да перзистираат или да се вратат во заедници во кои има неадекватни стапки на вакцинација.
Наводи
Категорија:Епидемиологија Категорија:Превентива Категорија:Вакцинација