Виктор Кампенертс (; р. ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Кариера
Возел на Светското друмско првенство. Во септември 2015 година било објавено дека ќе се приклучи во екипата од 2016 година. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016 и за Џиро д’Италија 2017.
На 16 април 2019 година, на велодромот во Акваскалиентес, Мексико, Кампенертс го срушил часовниот рекорд, возејќи 55,089 километри, надминувајќи го рекордот на Бредли Вигинс од 54,526 километри, поставен на 7 јуни 2015 година, рекорд кој Вигинс го држел 3 години, 10 месеци и 9 дена. Со ова станал четврти белгиски велосипедист кој го држел часовниот рекорд, по Оскар ван ден Ајнде (1897–98), Фердинанд Браке (1967–68) и Еди Меркс (1972–2000).
Кампенертс повторно се приклучил со тригодишен договор во 2022 година откако поминал две години во .
Достигнувања
2013 1. 20п Европско хронометарско првенство под 23 години 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 4. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид под 23 години 8. Светско хронометарско првенство под 23 години 8. Антверпсе Хавенпејл 2015 1. Дуо Норман (со Јеле Валајс) 2. Краен пласман Тур де Валони 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур 5. Национално хронометарско првенство 10. Краен пласман Букл де ла Мајен 2016 1. 20п Национално хронометарско првенство 2. 15п Европско хронометарско првенство 2017 1. 20п Европско хронометарско првенство 1. Етапа 3 (ITT) Вуелта а Андалусија 2. Национално хронометарско првенство 4. Краен пласман Трка околу Британија 5. Хроно де Насионс 9. Брабантсе Пејл 10. Трка околу Келн 2018 1. 20п Европско хронометарско првенство 1. 20п Национално хронометарско првенство 3. 15п Светско хронометарско првенство 2019 Часовен рекорд: 55,089 км 1. Етапа 7 (ITT) Тирено-Адријатико 2. Краен пласман Трка околу Белгија 1. Етапа 4 4. Национално хронометарско првенство 2020 2. Национално хронометарско првенство 3. 15п Европско хронометарско првенство 8. Светско хронометарско првенство 2021 1. Етапа 15 Џиро д’Италија 3. Национално хронометарско првенство 3. Краен пласман Трка Бенелукс 10. Европско друмско првенство 2022 1. ГП Џеф Схеренс 1. 20п Планински пласман Тур де Валони 3. Национално хронометарско првенство 3. Сиркуит Франко-Белж 4. Дварс дор Вландерен 5. Краен пласман Трка околу Белгија 5. Омлоп Хет Ниусблад 6. Ле Самин
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2016 2017 2018 2019 2020 2021 20п Џиро—СОСО 111 95 СО 20п Тур————— СО 20п Вуелта143—102———
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски велосипедисти Категорија:Луѓе од Антверпен Категорија:Белгиски етапни победници на Џиро д’Италија