Урумеја (од баскиски „ур“ вода + „ме“ тенка) е река во Баскија на север од Пиринејскиот Полуостров. Тоа е една од баскиските реки што се влеваат во Бискајскиот Залив (атлантски басен) и најпозната по тоа што се влева во морето во градот Сан Себастијан.
Тек на реката Реката е долга 59,4 километри од својот извор во општината Навара, 33 километри тече низ провинцијата Гипускоа. Просечната температура е 13,5 °C, а сезонската и годишната варијација во протокот на вода е помалку изразена отколку во другите реки во Гипускоа, бидејќи природната регулација на сливот е многу висока.
Квалитетот на водата е прилично добар. Сепак, се извршени работи за третман и чистење на водата, што резултирало со извонредно обновување на животната средина.
Фауна Тековниот квалитет на водата овозможува живеење на пет вида кои ја населуваат реката, имено лосос (исчезнат во 1940 година и обновен благодарение на програмите за повторно порибување во 1980-тие години), пастрмка, јагула и други.
Категорија:Гипускоа Категорија:Реки во Шпанија Категорија:Реки во Баскија