мини|десно|400п|Новата поштенска марка посветена на Тетово. „Македонски пошти 2008“. За графичкиот дизајн на марката е користен мотивот од фотографијата лево.
Графичкиот дизајн (графичко уредување) е процес на визуелно општење со користење на текст и/или фотографии односно илустрации за да се претстави информацијата или пак да се истакне некоја порака. Графичкиот дизајн во голем дел значи познавање на естетски вештини и мојстории, вклучувајќи типографија, фотографија, илустрација, симбол и боја и нивно сложување односно комбинирање. Графичкиот дизајнер има за задача да го визуелизира секое идејно решение со цел другите да можат полесно да го разберат. Неговата задача е комбинирање на вербални елементи во една организирана и ефикасна целина.
Графички дизајн е применета уметност. Како дисциплина дизајнот се занимава со изработка на печатени решенија. Во овие решенија спаѓаат: новини, книги, списанија, билборди, визит карти, брошури, каталози и слично. Поновите дефиниции за графички дизајн вклучуваат и графички продукции кои се прилагодени во електронски медиуми, како интернетот или телевизијата и други медиуми.
Може да се каже дека графичкиот дизајн е колаборативна дисциплина. Писателите ги создаваат речениците и слоганите, фотографите и илустраторите создаваат визуелни елементи, типографичарите различни типографии, додека графичкиот дизајнер ја создава композицијата (целината) на визуелното општење. Историски развој
Историја на графичкиот дизајн
Додека графичкиот дизајн како дисциплина има релативно кратка историја, називот графички дизајн за првпат е измислен од Вилијам Едисон Двигинс во 1922 г. и истите активности се протегаат низ историјата на човештвото: од пештерите на Ласко до Трајановиот столб во Рим, до украсните ракописи од средниот век, до светлечките неони во Гинза. Во оваа опширна историја и во релативно неодамнешната експанзија на визуелна комуникација во XX и XXI век, понекогаш има заматена разлика и вкрстување на рекламната уметност, графичкиот дизајн и ликовната уметност. Сепак, сите делат многу исти елементи, теории, принципи, вештини и стилови и понекогаш ист добродетел и клиент. Во рекламната уметност главна цел е продажбата на добра и услуги. Во графичкиот дизајн суштината е да и се даде ред на информацијата, форма на идеите, израз и чувство на ракотворбите кои го документираат човечкото искуство.
Историја на печатењето
За време на Династијата Танг (616 - 906) помеѓу IV и VII век од н.е. се сечеле дрвени калапи за печатење врз текстил и подоцна за правење копии на будистички текстови. Најраната позната печатена книга е будистички запис од 868 г. Започнувајќи од XIX век биле произведени подолги ролни и книги преку печатење од подвижен тип, правејќи ги книгите широко достапни за време на Династијата Сонг (960–1279). Некаде околу 1450 г. печатачската машина на Јоханес Гутенберг придонела за поширока достапност на книгите во Европа. Со дизајнот на книгата Алдус Манутиус ја развил структурата која станала основа на западнотo издавачко печатење. Оваа ера на графички дизајн се нарекува Ренесансен хуманизам или Стар стил.
Појава на дизајнерската индустрија
Во доцните години на XIX век во Европа, особено во Обединетото Кралство, започнало одвојувањето на графичкиот дизајн од ликовната уметност. Во 1849 г. Хенри Кол станал еден од големите сили во дизајнерското образование во Велика Британија, информирајќи ја Владата за важноста на дизајнот во неговиот Дневник за дизајн и производи (англиски: Journal of Design and Manufactures. Тој ја организирал Големата Изложба како славење на модерната индустриска технологија и Викторијанскиот дизајн.
Од 1891 до 1896 г. „Печатницата на Вилијам Морис Келмскот“ (William Morris’ Kelmscott Press) издавал книги кои се едни од најважните за графички дизајнираните производи на Движењето за применета уметност. Започнал многу профитабилен бизнис на создавање книги со голема стилска префинетост продавајќи ги на богатите за повисока цена.
Морис докажал дека пазарот постои за делата од графичкиот дизајн и помогнал да се создаде поделбата на дизајнот од производството и ликовната уменост. Работата на „Печатницата Келмскот“ (Kelmscott Press) се одликува по својата опсесија со историски стилови. Како и да е, овој историзам бил важен затоа што придонел за првата важна реакција од страна на државата која била застарена во поглед на графичкиот дизајн од XX век. Работата на Морис, заедно со останатите од движењето на Приватната Печатница директно влијаеле на Арт Нуво (Art Nouveau) и биле индиректно одговорни за развојот на графичкиот дизајн од XX век воопшто.
Дизајн во XX век Називот графички дизајн за првпат се појавил во весник во есеј од 1922 г. наречен „Нов вид на печатење бара нов вид на дизајн“ од Вилијам Едисон Двигин, американски книжевен дизајнер во раниот XX век.
„Рафовиот графички дизајн“, издадена во 1922 г. се смета за првата книга што го искористила поимот во својот наслов.
Натписот на Лондонското подземје е класичен пример за дизајн во современата ера и употребен фонт на букви дизајниран од Едвард Џонстон во 1916 г.
Во 1920 г. советскиот конструктивизам го вметнал „интелектуалното производство“ во различни сфери на производството. Во револуционерната Русија, движењето ја гледало поединечната уметност како бескорисна и така продолжила напред кон создавање на предмети за утилитарни цели. Тие дизајнирале градби, театарски сцени, постери, материјали, облека, мебел, логоа, менија итн.
Џен Шехолд ги координирал принципите на модерната типографија во неговата книга „Нова типографија“ од 1928 г. Тој подоцна се одрекол од фашистичката филозофија поткрепена во неговата книга, но сепак таа останала доста влијателна. Шехолд, Баухаус и други графичари како Херберт Бејер, Лазло Мохоли-Наги, Ел Лециски се татковците на графичкиот дизајн каков што го знаеме денес. Тие првo ги вовеле производните техники и стилски уреди употребени низ XX век. Во годините што следеле графичкиот дизајн станал дел од современиот стил и се здобил со распространета прифатеност и употреба. Напредната економија во Америка по Втората светска војна утврдила поголема употреба за графички дизајн, главно рекламирање и пакување. Преселбата на Германското училиште за дизајн „Баухаус“('Bauhaus') во Чикаго во 1935 г. го донела „масовно произведениот“ минимализам во Америка фрлајќи оган врз современата архитектура и дизајн. Позабележливи имиња од областа на дизајнот во средина на минатиот век се Адријан Фрутигер, дизајнер на фонтовите Универз и Фрутигер; Пол Ранд кој од доцните 30-ти години до неговата смрт во 1996 г. ги применил принципите на Баухаус во популарното рекламирање и дизајнирање на логоа, притоа помагајќи во создавањето на единствениот американски пристап кон европскиот минимализам, станувајќи еден од главните изумители на подгрупата на графичкиот дизајн позната како корпоративен идентитет. Алекс Штајнвајс е заслужен за изумот на корицата на албумот и Јозеф Мулер-Брокмен кој дизајнирал постери на груб, но сепак достапен начин типичен за ерата на 50-тите и 70-тите години.
Примена
Од сообраќајни знаци до технички шеми, од интерканцелариски меморандуми до упатства за употреба, графичкиот дизајн го зголемува пренесувањето на знаење. Читкоста е зголемена со подобрување на визуелната презентација на текстот.
Дизајнот може да помогне во продавање на производот или идејата преку ефикасна визуелна комуникација. Тој се применува на производи и елементи од идентитетот на компанијата преку логоа, бои, амбалажа и текст. Сите овие се дефинираат како брендирање. Во рамките на услугите понудени од многу графички дизајнери, брендирањето доби поголемо значење. Додека поимите се менливи, брендирањето е исклучиво поврзано со марката за идентификување или заштитното име на производот или услугата, каде корпоративниот идентитет може да има пошироко значење поврзано со структурата и етосот на една компанија, како и за нејзиниот надворешен изглед. Графичките дизајнери често се дел од тимот којшто работи на корпоративниот идентитет и брендирањето на проектите. Другите членови од тој тим го сочинуваат комерцијалисти, консултанти за комуникација и рекламни автори.
Учебниците се дизајнирани за да претстават предмети како географија, наука и математика. Овие изданија содржат нацрти кои илустрираат теории и дијаграми. Како пример на графика упоребена за едукација ќе го спомнеме дијаграмот на човечката анатомија. Графичкиот дизајн се применува во образовни материјали со цел да ја направат информацијата подостапна и поразбирлива.
Графичкиот дизајн се применува во забавната индустрија, односно во декорирањето, сцената и визуелното раскажување на приказната. Дизајнот за забавни цели се применува и во романи, стрипови, ДВД корици, при најава и завршеток на филм и програми, и реквизити на сцена. Може да вклучи и илустрации (печатење) на облека и други испечатени предмети за продажба.
Од научни списанија до пренесување на вести, презентацијата на мислењето и фактите често се пренесува графички и преку мисловни композиции на визуелни информации, познати како информациски дизајн. Дневните весници, списанијата, блоговите, телевизијата и документарните филмови можат да употребат графички дизајн при информирањето и забавата. При употребата на веб страните информациските дизајнери ја користат програмата Адоб Флеш (Adobe Flash) за илустрација на изгледот на нови вести.
Способности
Еден графичко-дизајнерски проект може да вклучи стилизирање и презентација на еден постоечки текст и која било веќе постоечка изложеност во слика или слики создадени од графичкиот дизајнер.
На пример, за една сторија во дневен весник се задолжени новинарите или фоторепортерите, а потоа работата на графичкиот дизајнер е да создаде прифатлив изглед за страната и да воочи ако се бараат некои други графички елементи. Во натписите во списанијата или рекламите графичкиот дизајнер или уметничкиот директор често им даваат задача на фоторепортерите или илустраторите да создадат оригинални дела за да се здружат во создавањето на дизајнерскиот нацрт. Дизајнерот може да употреби веќе постоечка слика или фотографија. Современите дизајнерски вештини се проширија преку современиот компјутер. На пример, при употребата на ТШГТКД (тоа што го гледате тоа и го добивате - англиски: WUSIWUG - what you see is what you get) корисникот се соочува со интерактивен дизајн или мултимедијален дизајн.
Визуелна уметност
Пред да бидат употребени во дизајнот, графичките елементи мора да настанат со помош на визуелно-уметнички вештини. Овие графики се често (но не секогаш) создадени од страна на графичкиот дизајнер. Визуелната уметност вклучува изработки кои по природа се визуелни, користејќи сè, од традиционален медиум до фотографија или компјутерски применета уметност.
Типографија
Типографијата е сочинета од уметност, занает и техники на типот на дизајн, приспособување на стилот на глифови и тип на подготовка. Типот на глифови (букви) се создадени и приспособени за користење на разновидни илустрациски техники. Подготовката на определениот тип вклучува избор на печатарски слогови, големина на точки, должина на линии, простор меѓу редови и простор меѓу букви.
Типографијата се изведува од страна на графичари, сложувачи на текст, типографичари, уметнички директори и канцелариски работници. Пред појавата на дигиталната ера, типографијата била специјализирана струка. Дигитализацијата ја направи типографијата достапна за новите генерации на визуелни дизајнери и нестручни корисници.
Изглед на страница