200px|мини|Ваан Тотовенц во 1912 година Ваан Ховханеси Тотовенц (; 1 септември 1889 - 18 јули 1938) — ерменски писател, поет и активист.

Животопис мини|Тотовенц живееле во оваа куќа во Ереван, во 1934-1936 година.|алт= Ваан Тотовенц е роден во градот Мезире, во провинција на Карберд (денешна Турција). Тој живеел во Ерменија и во Истанбул, а студирал на Висконсинскиот универзитет во САД, каде дипломирал во 1915 година. Во текот на Првата светска војна бил волонтер на Кавказискиот фронт и работел како секретар на Андраник Озанијан.

По 1922 година живеел во Ереван, Советска Ерменија. Во 1938 година, Тотовенц станал жртва на Сталинизмот.

Дела Делата на Тотовенц биле објавувани од 1907 година. Тој е автор на Доктор Бурбониан (1918 г.), Баталјон на смртта (1923 г.), Њујорк (1927 г.), Баку (1930-34 г.), Џонатан, син на Еремија, романи, раскази и драми. Тој имал големо влијание на ерменската литература, посебно со неговите дела Живот на стариот римски пат, автобиографскиот роман Парче од небото од 1930 година, кој бил адаптиран во филм од страна на Хенрик Малиан. Неговите дела се одраз на општеството, културата и обичаите не само на Ерменците од неговото детство, но, исто така, и на нивните соседи во периодот кога Отоманското Царство била пред пропаст.

Неговите дела се преведени на руски, англиски, француски, бугарски и турски јазик.

Надворешни врски

Vahan Totovents (1893-1938) Présentation de ses mémoires sur le Général Antranik (француски) Totovents at Amazon.com

Наводи

Категорија:Починати во 1938 година Категорија:Родени во 1893 година Категорија:Ерменски писатели Категорија:Ерменци во Отоманското Царство