мини|десно|250п|Поглед на Авачинскиот Залив. Авачински Залив () или Авачинско Устие () — залив во југоисточниот брег на полуостровот Камчатка во Тихиот Океан. Долг е 24, а широк 3 км во устието, со најголема длабочина од 26 м.

Во него се влева реката Авача, по која е наречен. Не брегот на заливот е сместен пристанишниот град Петропавловск Камчатски од источната страна и затворениот град Виључинск од западната, во помалиот Крашеников Залив. Претставува најважна точка за стопанскиот и воениот сообраќај во Камчатскиот крај.

Откривање Заливот прв го забележал данско-рускиот истражувач и офицер Витус Беринг во 1729 г. Првите карти на подрачјето ги изработил поморскиот капетан Михаил Тебенков некаде во 1830-тите.

Опис

Авачинскиот Залив е меѓу најголемите засолнети заливи во светот, со способност да ги прими и најголемите бродови. Зафаќа површина од и длабок е до 26 метри. Поважни реки кои се влеваат во него се Авача и Паратунка. На него е сместена и главната база на Тихоокеанската флота на руските поморскски сили. Зиме заливот замрзнува.

Поврзано Авачински (вулкан) Камчатка

Наводи

Надворешни врски

Карта на Авачинскиот Залив во размер 1:500 000 — Национален атлас на Русија, 2004 Авачински Залив — Голема руска енциклопедија, 2016 Авачинско Устие — Голема советска енциклопедија. I издание, 1926 - 1947

Категорија:Заливи во Русија Категорија:Заливи во Тихиот Океан Категорија:Географија на Камчатскиот крај Категорија:Вулкани во Камчатскиот крај Категорија:Калдери во Русија Категорија:Изгаснати вулкани