На 15 март 2019 година, на пладне, во градот Крајстчерч, Нов Зеланд, за време на петочната молитва, се случил масовен терористички вооружен напад во кој мета биле локалните муслимани. Првичната локација на нападот била Ел Нур Џамијата, а напаѓачот истиот го продолжил во Исламскиот центар на Линвуд до кој со возење се стигнува за околу 15 минути. Во нападот биле убиени 50 луѓе, а уште толку биле повредени. За одговорен за нападот се смета 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант, кој е уапсен веднаш по нападот и е обвинет за 51 убиство, 40 обиди за убиства и за учество во терористички чин. Напаѓачот ја искористил социјалната мрежа Фејсбук за во живо да го емитува вооружениот напад, а исто така напишал и манифест на 73 страници насловен „Големата замена“, во кој се опира на имиграцијата, искажувајќи ги своите политички гледања. Овој напад се смета за најсмртоносен во современата историја на Нов Зеланд.

Наводи

Категорија:Крајстчерч Категорија:Терористички напади во 2019 година