thumb|right|Статуета најдена во Манс која прикажува Франк. Dumbarton Oaks, Вашингтон. Франките ( или gens Francorum) се група на германски племиња, кои дошле од Фризија и се населиле во доцната Римско Царство како федерати. Првите населувања за франките се околу 3 век. Тие создале држава на територијата на дел од современа Франција и Германија (Франконија).

Во текот на 358 година веќе постоеле два франкиски сојуза: рипуарски и салиски. Во текот на триесеттите години на 4 век Салиските Франки искористувајќи ја влошената состојба во Империјата ја зголемиле својата територија сè до реката Сома. Со Хлодовик I (481 - 511 година) Франките ја разбиле римската армија на Галија, Сијагриј во Битката кај Соасон во 486 година. Во 496 година Хлодвиг и неговото семејство се покрстило и христијанството станало официјална религија помеѓу Франките. Тој наредил да биде направен запис на обичното право. Неговите наследници исто така се трудиле да се придржуваат до римските институции, сè со цел да си ја легитимират својата власт, а Карло Велики бил прогласен и за император од страна на римскиот папа. Франкиското царство е единственото варварско царство, кое „преживеало“ и дало почеток на едно современо европско кралство.

Франкиската држава претрпела мноштво поделби. Бидејќи на франките им недостасувал моделот на res publica, тие во државата гледале дел од својата сопственост и согласно нивните обичаи ја разделувале на своите потомци, односно на синовите. Оваа практика донекаде ја објаснува тешкотијата при точниот опис на датите и физичките граници на франкиските кралства и владетелите на одделните делови на кралството.

Теории и легенди за потеклото на Франките Постојат повеќе теории врзани за потеклото на Франките: Околу 580, хроничарот Григориј Турски зборува за народ од Панонија кој тргнал по горното течение на реката Дунав за да се насели на бреговите на реката Рона, и кој потоа ја освоил ГалијаGrégoire de Tours, Histoire des Francs, livre II, 9... Околу 660, Хрониката на Фредегер, а потоа и Liber Historiae Francorum околу 725, тврдат дека Франките биле бегалци од градот Троја, по освојување на истиот од страна на Грците.Оваа теорија била оспорувана уште во 17 век а денес и целосно отфрлена. Во 1714, историчарот Никола Фрере прв ја изложил тезата според која Франките потекнуваат од германските народи, но сметана за напад на достоинството на монархијата, оваа теза на авторот му донела шест месеци затвор во затворот во Бастија Périn Feffer,1987, стр. 26.. Потпирајчи се на морнарските вештини на првите Франки и економските и воени практики различни од нивните германски соседи, историчарот Роџер Гранд во 1965 предлага теза дека Франките впрочем биле скандинавски имигранти кои дошле да се населат на бреговите на Рона во тек на 3 век. Оваа теза исто така е предмет на големи критики и е неприфатена"PERIN_26".

Историја

мини|десно|300п|Територијалната положба на Франкиското царство од 481 до 814 г. Сојузи на Франките (лиги) Во тек на првите векови од нашата ера, германските народи се во постојана преселба, под притисок на другите народи и нивните преселби. Луѓето населени меѓу реките Рајна и Везер, кои не можеле да ги преминат ронските лимеси мигрирале кон Хес и Турингија, но се судирале со други народи..

За да го издржат ваквиот притисок, првата лига на германски народи била формирана на почетокот на 3 век. Нејзините членови ја нарекле Лига на сите луѓе (на старогермански alle man). Оваа лига која за првпат се појавила во 213 во римските текстови под формата Allamannicus од каде произлегол зборот Алемани, имала за цел да се спротивстави на соседните германски племиња и да освојува нови територии и да ги преминува германските лимеси .

Станува збор за Франкиската лига, отпрвин составена од Хамави, Хатуери, Бруктери и Салијци, а потоа кога овие последните ја преминале Рајна, во лигата влегле и Тонгрите, во чиј дел биле Сикамбрите. Подоцна ќе влезат и Ампсивариите, Тинктрите, Тубантите и Узипетите.. На златните монети од царот Константин I од 306 после победите врз Алеманите е исковано Francia и Alamannia, што се чини дека покажува дека во тоа време веќе постоела земјата на Франките којашто Римјаните ја нарекувале Франкија и која чисто ја разликувале од соседната земја на Алеманите. Франкија тогаш сè уште немала политичка конотација, туку повеќе, географска и социолошка. Во 2 и 3 век Franci опишувало лига или сојуз на германски народи населени на десниот долен брег на реката Рајна (односно, североисточно од Рајна), од другата страна на границите на Римското Царство. Франките биле воинствен народ кои бирале свој воен водач којшто го нарекувале rex francorum или, ’’Крал на Франките’’.

Потекло според современите научници

Современите научници на периодот на преселбите се согласни дека идентитетит на Франките се појавил во првата половина на 3 век од порано различни, помали германски групи, вклучувајќи ги и Салијците, Сикамбрите, Хамавите, Бруктерите, Хатите, Катуарите, Ампсивариите, Тенктери, Убии , Батавијците и Тунгријците. Овие племиња ја населиле долната и средишната долина на Рајна помеѓу Зајдер Зи и реката Лан и се ширеле кон исток до Везер, но најгусто биле населени околу Ајсел и меѓу Липа и Зиг. Франкискиот сојуз веројатно почнал да се образува во 210 околу областа која Римјаните ја нарекувале Долна Германија.

Салиските Франки извршиле инвазија врз Римското Царство и биле прифатени како Федерати од страна на Јулијан Отпадник во 358. До крајот на 5 век, Салиските Франки нашироко се населиле на римска територијата која сега се состои од Холандија на југ од реката Рајна, Белгија и северозападна Галија, каде, за време на големата преселба на народите тие формирале кралство, и од нив постепено произлегла меровиншката династија Во исто време, друга лига била формирана малку посеверно, долж реката Рона и во долна Германија. Франките во римските текстови се појавуваат и како сојузници и како непријатели ( laeti или dediticii). Околу 250, една група Франки, искористувајќи ја ослабената Римско Царство, навлегла дури до Тарагона во денешна Шпанија, останувајќи во овој регион околу една деценија пред римските сили да ги потчинат и да ги протераат од римска територија. Во 287 или 288, римскиот цезар Максимијан го поразил салискиот крал Генобауд. Тој и неговите луѓе му се предале речиси без борба. Максимијан прифатил што се предале и ги населил Салијците во Токсандрија - долна Германија – на устието на Рајна зад лимесите на белгиска Галија, давајќи им статус на Лаети (поданици на царската власт). Во 5 век, постоеле голем број мали франкиски кралства, меѓу нив и оние во Келн, Турне, Ле Ман и Камбре. Кралевите на Турне со време ги покориле другите франкиски кралеви. Ова било веројатно овозможено поради нивниот сојуз со Егидиј, на магистер милитум во северна Галија; кралот Хилперик I се борел на страната на Егидиј во 463. Се претпоставува дека Хилдерик и неговиот син Хлодовик I биле заповедници на римската војска во провинцијата Белгика Секунда. Хлодовик подоцна се свртел против римските воени водачи и ја добил битката против Сијагриј во 486/487. По оваа битка, Хлодовик го заробил Харарик, а подоцна го убил. Неколку години подоцна, Рагнакар, крал на Франките од Камбре, и неговите браќа биле убиени од страна на Хлодовик. До 490, Хлодовик го освоил сите франкиски кралства на запад од реката Мас, оставајќи ги само Рипуарските Франки. Градот Париз станал негова престолнина.

Меровиншкото кралство (481–751)

Хлодовик I станал првиот крал на сите Франките во 509 година, кога го освоил кралството на Келн. Тој го освоил Кралството Соасон на римскиот војсководец Сијагриј и ги протерал Визиготите од јужниот дел на Галија во Битката кај Вује, со што се воспоставила франкиска хегемонија над поголемиот дел од Галија, со исклучок на Бургундија, Прованса, и Бретања, кои подоцна ќе бидат освоени од неговите наследници - Меровинзите. Хлодовик го поделил кралството помеѓу своите четири синови на начин на кој ќе биде усвоен понатаму и од неговото поколение кои исто така постојано ќе го делат кралството на синовите и внуците.

Синовите на Хлодовик ја поразиле Бургундија во 534, но меѓусебни непријателства дошле до израз за време на владеењето на браќата Сигеберт I и Хилперик I и нивните синови и внуци, во голема мера поткрепено со соперништво на кралиците Фредегунда и Брунхилда. Овој период сведочи за појавата на три различни кралства (односно поткралства): Австразија, Неустрија, и Бургундија. Секој регион се развива на свој начин и често се обидува да изврши влијание врз другите или да завладее со истите. Со издигнувањето на кланот на Арнулфинг од Австразија центарот на политичка моќ постепено се префрлал источно од Париз и Тур кон териториите поблиску до реката Рајна.

Кралството на Франките било обединето повторно 613 од страна на Хлотар II, синот на Хилперик. Хлотар на благородниците им го дал Парискиот едикт во обид да се намали корупцијата и го обедини своето големо кралство под негова надлежност. По успешното воено владеењето на неговиот син и наследник Дагоберт I, кралската моќ брзо опаднала под власта на серија на кралевите традиционално се познати како мрзливи кралеви . Откај 687, по Битката кај Тертри, официјално власта му припаѓала на мајордомот на палатата. Конечно, во 751, со одобрение на папството и благородниците, мајордомот Пипин Кусиот го симнал од престолот последниот меровиншки крал, Хилдерик III, а потоа самиот бил крунисан, започнувајќи ја новата династија на Каролинзите.

Каролиншко Царство (751–843)

Обединувањето на поголемиот дел на она што денес е западна и Средна Европа под еден главен владетел обезбедило плодна почва за продолжување на тоа што е познато како Каролиншка ренесанса. И покрај речиси постојаното меѓусебно војување во рамки на каролиншката империја, продолжувањето на франкиската власт и римохристијанството над таа широка територија обезбедило единство во Империјата. Секој дел од каролиншката империја се развивал посебно; франкиската власт и култура зависела многу од поединечните владетели и нивните цели. Тие цели лесно се менувале какошто се менувале и политичките алијанси во рамките на франкиските водечки семејства. Сепак, сите овие семејства, вклучително и Каролинзите ги делеле истите основни верувања и идеи на владеење. Овие идеи и верувања ги влечат своите корени од римската и германската традиција, традиција која започнала уште пред подемот на Каролинзите и во некоја мера продолжила и по смртта на Луј Побожниот и неговите синови.

Синовите на Луј Побожниот, внуци на Карло Велики, воделе граѓанска војна по смртта на Луј заради наследството. Франкиските територии биле поделени меѓу нив. На Карло Ќелавиот му биле дадени западните територии, "Западна Франкија", што подоцна ќе стане Франција. Луј Германски ги добил источните, кои ќе станат Германија. На Лотар I му била дадена земјата помеѓу двете "Средна Франкија", која се состоела од Лотарингија, Прованса, и северна Италија. Средна Франкија не била обединета во која било смисла, и во следниот период се распаднала во помали кралства над кои и Западна и Источна Франкија покажувале афинитети. Се чини, Франција и Германија продолжиле да се борат за овие земји сè до Втората светска војна.

Физички изглед

Франките носеле тенки мустаќи, за разлика од густите бради на другите германски племиња.

Сидониј Аполинар ги опишал нивните различни мустаќи и ги истакнал нивните светлосини очи:

Нивните очи се бледи, сивкастосини. Нивните лица се избричени кружно, и место бради, имаат тенки мустаќи кои ги обликуваат со чешел. Мажите носат тесна припиена на нозете, колената им се голи, а широк појас носат на тенката половина.Аполинар Сидониј, писма, книги VIII. IX. На неговиот пријател лампридиј, Loeb Library Translation.

Војска