мини|Портрет од Роберт де Керзон. Роберт Керзон (;, Princes of the Church, p. 173. околу 1160/1170 - 1219) — англиски кардинал на Римокатоличката црква.

Животопис Роден бил во Англија некое време помеѓу 1160 и 1170 година, член на едно англо-норманско семејство со потекло од селото Нотр-Дам-де-Корзон во Нормандија.Jane E. Sayers По учењето во Оксфорд, Париз и Рим, тој станал канцелар на Универзитетот во Париз во 1211 година., The English Cardinals, p. 27. Следната година, тој станал кардинал на Сан Стефано Ротондо. Во 1213 година, тој бил назначен за папски легат за да проповеда за крстоносна војна, а во 1215 година бил поставен на чело на комисија за испитување на грешките што преовладувале на Универзитетот во Париз. Учествувал во папската конклава од 1216, која го избрала папата Хонориј III.

Тој активно учествувал во походот против ерес во Франција и ја придружувал војската на Петтата крстоносна војна во Египет како легат на папата Хонориј III.

Починал за време на Опсадата на Дамиета во 1219 година, и бил погребан во Дамиета.

Дела Тој е автор на неколку дела, вклучувајќи и Summa посветена на прашањата на законот за канони и етика.

Тој бил вмешан во работите на Универзитетот во Париз, среде забуната што произлегла од воведувањето на арапски преводи на Аристотел, по што напишал неколку рпреводи.

Наводи

Библиографија

Denifle, Chartul. Univ. Paris, I (Paris, 1889), 72, 78 De Wulf, Hist. of Medieval Phil., tr. Coffey (New York, 1909), 252.

Категорија:Христијани од Петтата крстоносна војна Категорија:Англиски кардинали Категорија:Починати во 1218 година Категорија:Родени во 1160-тите