Средорек — етно-географска област во североисточниот дел на Македонија. Се смета за продолжение на соседната област Жеглигово, како жеглиговски потпредел. Областа се протега од двете страни на Крива Река, пред нејзиното влевање во Пчиња.Македонци, Милош Константинов, 1992, стр. 164 Се граничи со областите Жеглигово на северозапад, Козјачија на север, Славиште на североисток, Которлак на југ и кратовските села на исток. Во оваа област влегуваат селата што се наоѓаат во југоисточниот дел на Општина Куманово и западниот дел на Општина Кратово. Во областа живее исклучиво македонско население.

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Македонија