Танас Луловски - Тане (, Желево, Преспа, Егејска Македонија - , ) — македонски сликар, еден од доајените на македонското современо сликарство.
Животопис Луловски е роден на 20 февруари 1940 година во леринското село Желево, Егејска Македонија. Танас бил дел од децата бегалци за време на Граѓанската војна во Грција. Тој со голем број други деца заминал за Бела Црква, Војводина каде го завршил основното и средното образование. Подоцна заминал за Романија, каде во 1967 година завршил Институт за ликовни уметности „Николае Глигореску“, и каде ја направил првата самостојна изложба. Во 1968 година учествувал во изложбата „Наше минато“ во Скопје. Бил член на Друштвото на уметниците на Македонија. До 1985 година работел како уметник на слободна практика. Со италијанска државна стипендија специјализирал во Академијата за ликовна уметност во Рим. Од 1985 година предавал живопис на факултетот за ликовна уметност на Скопскиот универзитет. Бил носител на многу македонски и меѓународни награди. Во јули 2006 година професото д-р Владимир Величковски издал монографија за Луловски.Монографија за уметникот Танас Луловски-Тане Починал во Скопје на 2 август 2006 година.
Наводи
Категорија:Македонски сликари Категорија:Луѓе од Желево Категорија:Деца бегалци