Свети Петар и Павле — нова селска црква во селото Подмочани, Општина Ресен, Македонија.
Местоположба
Црквата е изградена на ридот Подмочанска Горица, од каде се пружа одличен поглед на целото Преспанско Езеро.
Историја
Црквата била подигната со пари од македонски иселеници од Австралија, Америка и од Канада. Најголемиот дел од средствата биле донирани од страна на стопанственикот од Чикаго, Борис Ничев, кој е по потекло од Подмочани.
Архитектура
Целокупната инвестиција на црквата, камбанаријата и самиот Преспански крст изнесувала над двесте илјади евра.
Фрескоживопис
Црквата е целосно фрескоживописана. Живописот бил изведен од страна на Васил Трајковски од Скопје.
Иконостас
Иконостасот во црквата бил изработен од страна на копаничарот Цветан Николовски, а иконите во него се дело на иконописецот Петар Герасимов.
Галерија
Надворешноста на црквата
Внатрешноста на црквата
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Подмочанско-љубојнска парохија Подмочани Преспански крст
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Подмочани Подмочани