Љубица Донска (р. Накова; во ) — прва повоена македонска сликарка од Источна Македонија. Била акварелист и пејзажист.
Животопис
Завршила ликовна насока на Вишата педагошка школа во класата на В. Коџоман.
Целиот работен век го поминала како средношколски наставник по ликовно воспитание и директор на основно училиште.
Основна преокупација во сликарството ѝ е акварелот, со мотиви од македонското поднебје, како што е старата градска архитектура и идилични пејзажи.
Првата самостојна изложба ја организирала во 1957 година, а во текот на 50-годишниот активен сликарски период има приредено над 30 самостојни изложби во Македонија, но и во другите поранешни југословенски републики.
Наводи
Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Македонски сликари