мини|Погребна миса за надвојводата Франц Фердинанд во католичката црква Света Катерина во Санкт Петербург (1914)
Реквием, познат и како Реквиемска миса, Миса за мртвите (латински: Missa pro defunctis) и Миса на мртвите (лат. Missa defunctorum) — миса во Католичката црква што се служи за спас на душите на еден или повеќе умрени луѓе. Обично, мисата се служи при погреб. Изразот „реквием“ означува слични церемонии и во другиет цркви, како што се англиканската црква и во некои лутерански цркви. Покрај тоа, зборот „реквием“ го означува и музичкото дело што се изведува за време на реквиемската миса. Во поширока смисла на зборот, „реквием“ претставува музичко дело поврзано со смртта, умирањето и жалоста, дури и кога не е поврзано со литургиска или религиска служба. Изразот „реквием“ потекнува од првиот збор во реченицата „Дај им вечен спокој, о Боже“ (латински: Requiem aeternam dona eis, Domine), т.е. „Requiem“ е акузативна форма во еднина на латинската именка „requies“ која значи „одмор, спокој“
Реквиемот како музичко дело
Реквиемот како тема во уметноста „Deitsches requiem“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 76-83. „Реквием за еден сон“ (англиски: Requiem for a dream) - американски филм од 2000 година, режиран од Дарен Аронофски.IMDb, Requiem for a Dream (2000) (пристапено на 29.2.2017)
Наводи
Категорија:Погребни обичаи Категорија:Миси Категорија:Латински верски изрази Категорија:Христијански молитви Категорија:Христијански поими Категорија:Католицизам Категорија:Музика