Нестрам или Несрам (, Несторио; до 1928 г. Άγιος Νέστωρ, Агиос Нестор; до 1926 Νεστράμι, Нестрами) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Претставува седиште на истоимената Општина Нестрам. Населението брои 683 жители (2021), сочинето целосно од Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 22 км југозападно од градот Костур, помеѓу ридовите Јенешево и Митреви Куќи, краци на планината Грамошта. Крај него тече реката Белица, десна притока на Бистрица. Селото традиционално се дели на две маала — Горнени и Долнени — Горен и Долен Нестрам (, Ано Несторио и Κάτω Νεστόριο, Като Несторио).

Историја Над селото во тврдината Градот има остатоци од одбранбени бедеми, станбени објекти и водовод. Мештаните сметале дека му припаѓала на Самуиловииот војсководец Несторица, со чие име е поврзано и друго предание за името Нестрам.Радев, Кирил. Лични бележки за село Нестрам, Костурско. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София, Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“, 1998. с. 51.Радев, Кирил. Лични бележки за село Нестрам, Костурско. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София, Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“, 1998. с. 52.

Според преданието името го добило поради ослепените војници на Цар Самоил, кои по враќањето во селото не можејќи да работат проселе без срам, односно нестрам. Христофор Цавела вели дека Василиј II лично решил општината да ги издржува семејствата на ослепените војници.

Друга легенда гласи, дека жителите на селото се противеле на турците и кажувале „нем стра“ - немам страв, од каде и дошло името Нестрам. Според свештеникот Златко Каратанасов од Бобишта цитира преданија, според кои турците викале на опколените во Нестрамската трвдина „Предајте се“, а тие одговарале „Срам!“, а турците викале „Не е срам“, од каде дошло Нестрам.

Нестрамецот Кирил Радев раскажува дека селото пред турското ропство било мало. Во XVIII век во него почнале да се населуваат жители од селата Студена Вода, Митрови Куќи и Крушовец, кои бегале од зулумите на Али-паша Јанински.

Во Отоманското Царство Во османлиски дефтер од XV век во Несрам по име се заведени 127 глави на семејствата. Во даночните записници од средината на XV век Нестрам е споменато со 67 глави на семејства, шест неженети и три вдовици: Папа Владо, Јорг, Никола, Згур, Јано, Тодор, Петро, Михал, Алекса, Јорг, Петро, Мано, Тонке, Хирос, Дабижив, Леко, Стефан, Димо, Рајко, Алекса, Јано, Никола, Стајо, Папа Васил, Мано, Владо, Јанаки, Стајо, Јорг, Алекса, Дидое, Рајко, Мано, Михо, Анастас, Јано, Мано, Стамат, Михо, Манол, Јорг, Коста, Стајко, Михо, Гоне, Мано, Кулб, Богдан, Димо, Стајо, Зајко, Којо, Никола, Никола, Андронико, Јорг, Толо, Рад(е), Стајко, Милчо, Русин, Балабан, Васил, Никола, Михал, Димо, Гин, Мара, Мара и Илина. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 3.963 акчиња.

Во 1791 г. дел од населението на Нестрам заедно со жители од селата Слимница, Омотско и Орешец се преселиле во Брацигово (денешна Пазарџичка област, Бугарија). Од Долен Нестрам потекнува брациговскиот род Тодовичинци, а од Горен Нестрам – Дишлјановци.

Во XIX век Нестрам било големо македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак.

Според Боривое Милоевиќ во почетокот на XIX век Горното и Долното маало на Нестрам имале по 50 куќи. Околу него биле сместени 4 села со 15-20 куќи: Орешец, Стана Вода, сместено југоисточно од Марково Кале, Слабишта и Ричичане, сместено јужно од Нестрам на брегот на реката Белица. Четирите села се распаднале и нивните жители се иселиле во Нестрам поради притисок од страна на албанските банди на Али-паша Јанински.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Нестрем (Nestrême) имало 320 домаќинства и 1.250 Македонци, а Горни Нестрем (Gorneï-Nestrême) со 200 домаќинства и 2.700 Македонци.

На крајот на XIX век во Нестрам проработела бугарската пропаганда и е отворено бугарско училиште. Во него во учебната година 1883/1884 предавал учителот Коев од Стара Загора.Поповски, Търпо. Македонски дневник : спомени на отец Търпо Поповски. София, Фама, 2006. ISBN 954-597-245-9. с. 47.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Нестрам имало 2.700 жители, сите Македонци. Кирил Радев напишал дека во 1900 г. селото „брои 970 двокатни и трикатни куќи, покривите се со камени плочи. Во него живеат околу 4.800 Македонци“.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нестрам се води како две чисти македонски села во Костурската Каза, Горен Нестрам со 180 куќи и Долен Нестрам со 225 куќи.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Нестрам имало 1.240 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија и 200 Македонци под врховенство на Цариградската патријаршија, додека во Долно Нестрам 1.400 Македонци под врховенство на егзархијата и 200 Македонци под патријаршијата. И во двете маала работело по едно бугарско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.180-181. Според грчки извори, во 1905 г. во Нестрам имало 1.800 жители „Грци“.

За време на Илинденското востание во селото влегла големата чета на војводата Васил Чакаларов, кои казниле неколку предавници. Во четата се приклучуваат месниот учител Христо Капитанчето и Пандо Ризов.Дневник на Киряк Шкуртов, во: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 64.

Според податоци од 1909 г., во Нестрам имало 300 македонски егзархиски и 140 гркомански куќи и гркоманите ги водиле црквите и училиштето.s:Телеграма од Иларион од Костур

Според Георги Константинов Бистрицки Горен и Долен Нестрам пред Првата балканска војна се состоело од 480 македонски куќиБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7., а според Георги Христов и 3 влашки.Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.

Во Првата балканска војна, 20 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.

Во Грција Пред 1912 г. Нестрам бил сочинет од просперитетно македонско население со свој дијалект, но истото претрпело масовни убиства и грабеж во Балканските војни. По една децинија во селото се доведени Грци од Анадолија. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.731 жител. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 1.979.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Несрам имало 455 куќи на словени (Македонци) христијани и 10 куќи на Власи христијани.

Во 1926 година, името на селото било променето во Агиос Нестор (Άγιος Νέστωρ) или Свети Нестор. Во 1928 г. е одново преименувано, овојпат во Несторио (Νεστόριο).

Во Втората светска војна селото претставувал центар на партизаните. Германските окупациони војски на два пати во 1942 и 1943 година го палат селото до темел. На 2 мај 1943 година селото е нападнато од андартска чета, а покасно истата година е стрелано со артилерија од страна на италијанцитеДобрин Мичев. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) За време на Граѓанската војна селото е едно од последните упоришта на партизаните. По војната, голем број жители се иселиле во Австралија, САД и Канада.

Стопанство Жителите се занимаваат со ѕидарството, во кое се усовршиле, а за да се договараат меѓу себе создале свој таен ѕидарски јазик.

Поради пасивноста на овој крај, неговото население во минатото одело на печалба во источна Егејска Македонија и во Тракија, а делумно во Бугарија и во прекуокеанските земји.

Население Селото Нестрам отсекогаш било населено со Македонци и во тој поглед нема претрпено никакви етнички промени.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Јановени, Омотско, Пилкати, Радигоже, Слимница, Стенско и Тухол.

Културни и природни знаменитости десно|мини|Црквата „Св. Архангели Михаил и Гаврил“

Цркви

„Успение на Пресвета Богородица“ од 1816 г. „Св. Атанасиј“ од 1857 г. „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ од 1858 г. „Св. Архангел Михаил“ од почетокот на XX век

Археолошки наоѓалишта

Град — античка населба и средновековна тврдина

Личности Родени во Нестрам

Георги Шкорнов (1873 - 1935) — револуционер Кераца Висулчева (1910 - 2004) — сликарка Танас Калојанов (1918 - 1947) — партизан Афродита Дувановска - Флога (1922 - 1948) — македонски партизан, борец на ЕЛАС и ДАГ Евгенија Киријаку (1922-1949) — учесник во НОВ на Македонија и Грчката граѓанска војна, како борец на ДАГ Трифун Паскалов (р. 1934) — научник Георги Димировски (р. 1941) — универзитетски професор

Поврзано

Нестрам (општина) Костенарија Нестрамско-костенарски дијалект

Наводи

Надворешни врски