Марбанскиот, или познат и како азумејнански јазик, е масански јазик, од групата на чадски јазици од семејството на афроазиски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Марбанците (Азумејнанците) кои живеат во Чад. Јазикот го зборуваат нешто помалку од 150.000 луѓе според податоците од 2006 година.

Опис Марбанскиот јазик се зборува во департманот Тандиле Уест во регионот Танџиле во југозападен Чад. Исто така, јазикот се зборува во Леу-Мбаса во департманот Кабија во регионот Мајо-Кеби Ест, исто така во Чад. Во историјата јазикот се именувал и како азумејнански, но самиот народ го именува јазикот како марбански (марба).

Марбанскиот со код [mpg] е класифициран како масански јазик, подгрупа на чадските јазици од јазичното семејство на афроазиски јазици.

Распространетост Јазикот го зборуваат следниве групи: Марба (Марбанци), Колон (Колонци) и Лео (Леонци). Секоја од овие групи се поделени на неколку кланови.Името на кланот е често и името на главното село на кланот. Денес, голем број Марбанци живеат надвор од нивните традиционални живеалишта, па така на пример има значајна заедница на Марбанци во Нџамена.

Поврзано Масански јазици Чадски јазици

Наводи

Надворешни врски Марбански јазик на „Етнолог“.

Категорија:Масански јазици Категорија:Јазици во Чад