Државно водство Претседател Ѓорге Иванов (до 12 мај) Стево Пендаровски (од 12 мај) Премиер Зоран Заев Претседател на Собранието Талат Џафери
Настани Јануари
2 јануари - Претседателските избори ќе се распишат на 3 февруари. 2 јануари - Прогласена епидемија на мали сипаници во Скопје. 3 јануари - Продолжен притворот за ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски. 7 јануари - Православните христијани го празнуваат Христовото раѓање – Божиќ. 8 јануари - Интензивни врнежи од снег во Македонија со температури до -18 степени. 9 јануари - Преговори на СДСМ со БЕСА и Алијансата на Албанците околу измените на Уставот. 11 јануари - Изгласани уставните амандмани со 81 глас „За“, според кои името на државата ќе се преименува во Република Северна Македонија. За уставните измени гласаа владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, поранешните 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на БЕСА и Алијансата на Албанците. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, по изгласувањето на амандманите повика на предвремени избори. Честитки за Македонија упатија Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, грчкиот премиер Алексис Ципрас. 11 јануари - Откриени нови вакцини со декларација со погрешен рок . 11 јануари - Судот го одобри обвинението за случајот „Талир“ за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ каде обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. 14 јануари - Објавен Законот за јазици во службен весник според кој покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик. Истиот го потпиша Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тодор Петров изјави дека ќе собира 150.000 потписи за нов референдум. 15 јануари - Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека законите за употреба на јазиците и за ратификација на спогодбата од Преспа се противуставно објавени. ВМРО-ДПМНЕ изтакна дека ќе поднесат кривична пријава против Претседателот на Собранието, Талат Џафери. 15 јануари - Претседателот на Собранието, Талат Џафери објави дека Претседателските избори ќе бидат одржани на 21 април. 19 јануари - Распишана меѓународна потерница по Никола Војминовски, осуден за нападот врз пратеникот Зијадин Села. 19 јануари - Водици во Македонија. 20 јануари - Протести во Атина против договорот од Преспа. 23 јануари - Пратеникот Владимир Ѓорчев објави дека ќе се кандитира за претседател на Македонија. 25 јануари - Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот од Преспа. 26 јануари - Едно лице загина во експлозија на плинска боца во Гевгелија. 28 јануари - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител по скандалот со непрефрлувањето на придонесите за пензиско осигурување на 12.000 идни пензионери. 30 јануари - Собранието ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за референдум за името. 31 јануари - За првпат, пленарната собраниска седница беше отворена и водена на албански јазик.
Февруари мини|Група луѓе пред Инфо центарот на ГОБ „8 Септември“ чекаат информации за состојбата на пациентите мини|Амбасадорот Игор Џундев мини|Заев во Минхен 1 февруари - Четворица поранешни министри и заменици за земјоделство: Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски, Кристијан Делев се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште. 1 февруари - Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот штипски градоначалник Илчо Захариев. 2 февруари - Прво интервју на Никола Груевски по неговото бегство во Унгарија за Сител телевизија. 5 февруари - Девет пријавени за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори. 6 февруари - НАТО го потпиша Протокол за членство на Македонија. 7 февруари - Бојкот на наставата во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ поради назначувањето на новиот в.д директор Блерим Небиу. 8 февруари - Грција го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. 11 февруари - Трет смртен случај во Македонија од морбили. 12 февруари - Словенија го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. 13 февруари - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за првпат ја претставуваше земјава на министерскиот состанок на НАТО, каде им се придружи на своите 29 колеги од земјите-членки, но без право на глас. 13 февруари - Таблите со новото име се поставени на граничните премини, со што официјално започна започна употребата на Република Северна Македонија како официјално име на земјата. 13 февруари - Во автобуска несреќа кај Ласкарци, загинаа 13 луѓе а 30-тина беа повредени. Во следните денови починаа уште два патника. Во земјата беше прогласен дводневен ден на жалост. 15 февруари - МВР соопшти дека е спречен терористички напад и дека ИСИС стоел зад потенцијалниот напад. 16 февруари - Гордана Силјановска-Давкова избрана за кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април. 16 февруари - Обединетите нации ја заменија референцата „ПЈРМ“, со името „Северна Македонија” во списокот на признати држави. 18 февруари - Амбасадорот Игор Џундев и постојан претставник на Македонија при ОБСЕ, ги предаде акредитивните писма генералниот секретар на Организацијата амбасадорот Томас Гремингер. 17 февруари - Основана е Партијата за демократски просперитет на Ромите. 20 февруари - Уапсени функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешнниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски за настаните од 27 април. 21 февруари - Кривичниот суд во Скопје побара од Собранието на Македонија да му го одземе пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски. 21 февруари - Нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворот од страна на Лирим Красниќи и Есад Кафеџоли, и двајцата осудени на 40 години затвор за Диво Насеље. Истите биле пренесени во болницата „8 Септември“. 25 февруари - Собранието не му го одзеде имунитетот на Трајко Вељаноски. 27 февруари - МВР започна да издава потврди на граѓаните со нов печат и новото име до целосната промена на сите документи 28 февруари - Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и БЕСА за претседателски кандидат.
Март 1 март - Стево Пендаровски избран за заеднички претседателски кандадат на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ. 1 март - Хрватскиот Сабор го ратификува Протоколот за НАТО. 1 март - Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави посета на Македонија. 4 март - Филип Рикер во Скопје на средби со Заев и Димитров. 4 март - Се укинува Секретаријатот за рамковен договор и се воведува ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. 8 март - Три години затвор и притвор заработи екс – шефот на УБК Сашо Мијалков за предметот „Титаник 2“ на СЈО. Водачот на ДПА Мендух Тачи е осуден на 3 години и 2 месеци затвор, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски, Анета Стефановска и Сашо Срцев на по 3 години затвор 8 март - Стево Пендаровски пријавил во полиција дека е следен од тајни служби. 10 март - Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати. Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река официјални кандидати за претседател. 10 март - Заев и Мицкоски се обврзаа да работат на фер и демоктратски избори. Премиерот го одби предлогот на опозицијата да се именува јавен обвинител на предлог на опозицијата. 12 март - Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е пренесен во истражниот затвор во Шутка откако Основното јавно обвинителство побара притвор поради добиени сознанија дека подготвувал бегство. 13 март - Романија го ратификуваше Протоколот за пристапување во НАТО. 14 март - 4-ца вработени во УБК, меѓу кои и Тони Јакимовски (поранешен началник на ткнр.Прва управа на УБК) се уапсени од полицијата во истрага на обвинителството за организиран криминал и корупција и одделот на МВР за организиран криминал. 15 март - 211 години затвор за 16 осудени за „Крвавиот четврток“. Екс дирекоторт на БЈБ и носителот на златна команда Митко Чавков ја доби највисоката казна, 18 години затвор. По 15 години добија Душко Лазаров и Митко Пешов од командниот штаб, обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски Леви, припадникот на УБК Мунир Пепиќ, Јане Ченто од патриотското здружение во Прилеп, Влатко Трајковски и Никола Митревски Кољо кои се луѓето кои влегоа во фантомки. Од фантомките е и Вилијам Михајловски кои доби 14 години затвор. 13 години затворска казна беше изречена за Оливер Поповски. Младен Додевски, Горанчо Анѓелов Ќосето, Игор Југ добија по 12 години затвор. За Оливер Радулов пак беше изречена 10 годишна затворска казна, а тој е обвинет за помагање во терористичко загрозување на уставниот поредок. 18 март - Најавен проект за враќање на ДДВ на граѓаните. 19 март - Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски и двајца вработени во општината се приведени во истрага на одделението за организиран криминал при МВР, поради сомнение за злоупотреба на службената положба. 21 март - Судот ја забрани продажбата на новата книга на Стојан Андов. 24 март - Протестен марш во Босилово против отворање на рудник. 27 март - Собранието на Македонија усвои закони за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност. 28 март - Поранешната министерка Гордана Јанкуловска во жалбата од вторстепениот суд, наместо шест години доби правосилна одлука за четири години затвор. 31 март - Претседателските кандидати се обврзаа на фер избори.
Април
1 април - Апелацискиот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп” во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев. 1 април - Започна изборната кампања за Претседателските избори. Предвремени локални избори закажани за во Охрид, Ново Село и Дебар. 2 април - Грчкиот премер Алексис Ципрас во официјална посета на Македонија, прва на некој грчки премиер. 2 април - Во авионска несреќа на Солунска Глава загина четиричлено семејство од Бугарија. 3 април - Турција побара институциите на Македонија да презат конкретни мерки против лица поврзани со организацијата Фето, која турските власти ја прогласија за терористичка. 4 април - Полска и Словачка го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. 6 април - Вишото обвинителство барало Апелација да ја потврди ослободителната пресуда за Заев за случајот „Поткуп“ . 15 април - Ограбена НЛБ Банка во Чаир. 18 април - Македонија на 95-то место според индексот за слобода на медиумите. 18 април - Објавени нови „бомби“ на руската социјална мрежа VK.com, од корисник под псевдоним „Илија Громовник“. 21 април - Прв круг од Претседателските и Локалните избори во три општини. Според резултатите, Блерим Река овоил 79.910 гласови, Гордана Силјановска освоила 319.082 и Стево Пендаровски освоил 323.628 гласови. 22 април - Кумановски лихвар ликвидиран во заседа, убиен и неговиот осумгодишен син. 27 април - За првпат МПЦ-ОА го донесе Благодетниот оган од Ерусалим во земјава за Велигден со помош на Бугарската православна црква. 29 април - Албанско знаме поставено на Самоиловата тврдина во Охрид. 30 април - Претседателот на САД Доналд Трамп го испрати за ратификација протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО до Сенатот.
Мај
мини|десно|100п|Стево Пендаровски стана 5-от Претседател на Македонија мини|десно|100п|Кејт Мари Барнс, нова амбасадорка на САД во Македонија 1 мај - Празник на државата. 5 мај - Втор круг од Претседателските и Локалните избори во две општини. Според резултатите, Стево Пендаровски стана Претседател на Македонија. 6 мај - Одбележан денот на македонскиот јазик. 7 мај - Папата Фраснциск во посета на Скопје. 10 мај - Претседателот на заминување Ѓорге Иванов доби канцеларија во Џевахир „Скај сити“ со годишен буџет од 105.000 евра.