Кралство Југославија (српскохрватски: Kraljevina Jugoslavija / Краљевина Југославија; словенечки: Kraljevina Jugoslavija) била држава во Југоисточна и Средна Европа која постоела од 1918 до 1941 година. Од 1918 до 1929 година официјално била наречена Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (српско-хрватски: Kraljevina Srba, Hrvata i Slovenaca/Краљевина Срба, Хрвата и Словенаца; ) или неговата скратена форма Кралство СХС (Kraljevina SHS/Краљевина СХС), но терминот „Југославија“ било неговото колоквијално име поради неговото потекло. Официјалното име на државата било сменето во „Кралство Југославија“ од страна на кралот Александар I на 3 октомври 1929 година.

Прелиминарното кралство било формирано во 1918 година, со спојување на привремената Држава на Словенците, Хрватите и Србите (самата формирана од териториите на поранешна Австроунгарија, опфаќајќи ја денешна Босна и Херцеговина и поголемиот дел од денешна Хрватска и Словенија) и Банат, Бачка и Барања (кои биле дел од Кралството Унгарија во рамките на Австроунгарија) со поранешното независно Кралство Србија. Истата година, Кралството Црна Гора исто така го прогласило своето обединување со Србија, додека регионите на Косово и Вардарска Македонија станале дел од Србија пред обединувањето.

Со државата управувала српската династија Караѓорѓевиќ, која претходно владеела со Кралството Србија под водство на Петар I, кој станал крал во 1903 година (по Мајскиот државен удар). Петар I станал првиот крал на Југославија се до неговата смрт во 1921 година. Него го наследил неговиот син Александар I, кој бил регент на неговиот татко. Тој бил познат како „Александар Обединител“, а кралството го преименувал во „Југославија“ во 1929 година. Тој бил убиен во Марсеј од страна на Владо Черноземски, член на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО), за време на неговата посета на Франција во 1934 година. Круната му била предадена на неговиот 11-годишен син Петар. Братучедот на Александар, Павле, владеел како регент на принцот се до 1941 година, кога Петар II станал полнолетен. Кралското семејство побегнало за Лондон истата година, пред земјата да биде нападната од Силите на Оската.

Во април 1941 година, земјата била окупирана и поделена од силите на Оската. Во Лондон била формирана кралска влада во егзил, признаена од Обединетото Кралство, а подоцна и од сите сојузници. Во 1944 година, по притисокот од страна британскиот премиер Винстон Черчил, кралот ја признал владата на Демократска Федеративна Југославија како легитимна . Таа била основана на 2 ноември 1944 година, по потпишувањето на Договорот од Вис, од страна на Иван Шубашиќ (во име на Кралството) и Јосип Броз Тито (во име на југословенските партизани).

Формирање лево|мини| Прослави во Загреб за време на формирањето на Националниот совет на државата на Словенците, Хрватите и Србите, октомври 1918 година лево|мини| Српската војска на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб во 1918 година лево|мини| Делегација на Националниот совет на Државата на Словенците, Хрватите и Србите предводена од Анте Павелиќ читајќи го обраќањето пред регентот Александар, 1 декември 1918 година По атентатот на австрискиот надвојвода Франц Фердинад од страна на босанскиот Србин Гаврило Принцип и избувнувањето на Првата светска војна, Србија била нападната и окупирана од здружените бугарски, австриски и германски сили, на 6 октомври 1915 година. По овој настан следела ескалацијата на јужнословенскиот национализам и повиците на словенските националисти за независност и обединување на јужнословенските националности на Австроунгарија заедно со Србија и Црна Гора во единствена Држава на Словенците, Хрватите и Србите.

Далматинскиот хрватски политичар Анте Трумбиќ станал истакнат јужнословенски лидер за време на војната и го предводел Југословенскиот комитет кој лобирал кај сојузниците да го поддржат создавањето на независна Југославија.Spencer Tucker. Трумбиќ се соочил со првично непријателство од страна на српскиот премиер Никола Пашиќ, кој претпочитал проширена Србија наместо обединета југословенска држава. Сепак, и Пашиќ и Трумбиќ се согласиле на компромис, кој се случил со донесувањето на Декларацијата на Крф, на 20 јули 1917 година. Декларацијата се залагала за создавање обединета држава на Србите, Хрватите и Словенците, која ќе јбиде предводена од српската династија Караѓорѓевиќи.

Во 1916 година, југословенскиот комитет започнал преговори со српската влада во егзил, на кои било одлучено за создавање на Кралството Југославија. Состаноците биле одржани во Општинскиот театар на Крф,History of the municipal theatre from Corfu city hall Quote: "The Municipal Theatre was not only an Art-monument but also a historical one. и завршиле со прогласување на заедничката Крфска декларација во 1917 година.

Во ноември 1918 година, Националниот совет на државата на Словенците, Хрватите и Србите назначил 28 членови кои требало да започнат преговори со претставниците на владата на Кралството Србија и Црна Гора за создавање на нова југословенска држава, а делегацијата директно преговарала со регентот Александар Караѓорѓевиќ.Boban, Ljubo, When and how was the State of Slovenes, Croats and Serbs formed, Institute of Croatian History, , volume 26, issue 1, 1993, pp. 187–198 Откако завршиле преговорите, претставниците делегацијата на Националниот совет на државата на Словенците, Хрватите и Србите, предводена од Анте Павелиќ го прочитале обраќањето пред регентот Александар, кој го претставувал неговиот татко, кралот Петар I, после кое тој го прифатил нивното барање и кралството било воспоставено.Budisavljević Srđan, Stvaranje Države Srba, Hrvata i Slovenaca (Creating the State of Serbs, Croats and Slovenes), Zagreb, 1958, pp. 170–175.

Кралство Југославија (српскохрватски: Kraljevina Jugoslavija / Краљевина Југославија; ) — држава во Југоисточна и Средна Европа која постоела во периодот од 1918 до 1941 година. Од 1918 до 1929 година, официјално била позната како Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (српскохрватски: Kraljevina Srba, Hrvata i Slovenaca / Краљевина Срба, Хрвата и Словенаца; ), но терминот „ Југославија “ („Земја на јужните Словени“) било нејзиното колоквијално име поради нејзиното потекло."Kraljevina Jugoslavija! Официјалното име на државата било сменето во „Кралство Југославија“ од страна на кралот Александар I на 3 октомври 1929 година

Новото кралство го сочинувале поранешните независни кралства Србија и Црна Гора (Црна Гора била приклучена кон Србија претходниот месец), и значителен дел од територијата што порано била составане дел на Австроунгарија, односно Државата на Словенците, Хрватите и Србите. Главните држави кои го формирале новото Кралство биле Државата на Словенците, Хрватите и Србите; Војводина; и Кралството Србија со Кралството Црна Гора.

Создавањето на државата било поддржано од страна на панславистите и југословенските националисти. За сесловенското движење, ова претставувало обединување целиот јужнословенски (југословенски) народ во една држава. Создавањето било поддржано и од страна на сојузниците, кои се обиделе да ја разбијат Австроунгарската држава.

Новоформираното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците учествувало на Париската мировна конференција со Тумбиќ како претставник на земјата.Spencer Tucker. Бидејќи сојузниците ги намамиле Италијанците да земат учество во војната, со ветување за значителни територијални придобивки, што претставувало една четвртина од словенечката етничка територија од преостанатите три четвртини од Словенците кои живееле во Кралството СХС. Трумбиќ успешно се заложил повеќето Словени кои живеле во поранешна Австроунгарија да бидат вклучени во границите на новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Сепак, со Рапалскиопт договор население од половина милион Јужни Словени,Hehn, Paul N. (2005) A Low Dishonest Decade: Italy, the Powers and Eastern Europe, 1918–1939. главно Словенци, биле подложени на присилна италијанизација до падот на фашизмот во Италија. Во времето кога Бенито Мусолини бил подготвен да го измени границите на Рапало со цел да ја припои независната држава Риека кон Италија, обидите на Пашиќ да ги поправи границите кај Постојна и Идрија биле ефективно поткопани од регентот Александар кој претпочитал „добри односи“ со Италија.Čermelj, L. (1955). мини|Михајло Пупин влијаел на конечните одлуки на Париската мировна конференција кога биле исцртани границите на кралството. Југословенското кралство граничело со Италија и Австрија на северозапад на границата Рапало, Унгарија и Романија на север, Бугарија на исток, Грција и Албанија на југ и Јадранското Море на запад. Речиси веднаш наишло на спорови со повеќето од нејзините соседи. Границите на Словенија биле тешко да се одредат, бидејќи 400 години била составен дел на Австрија. Војводинскиот регион бил спорен со Унгарија, Македонија со Бугарија, Риека со Италија.

Плебисцит се одржал и во провинцијата Корушка, која одлучила да остане во соатав на Австрија. Австријците формирале мнозинство во овој регион, иако бројките покажуваат дека некои од Словенците навистина гласале за Корушка да стане дел од Австрија. Далматинскиот пристанинички град Задар и неколку далматински острови и биле дадени на Италија. Градот Риека бил прогласен за Слободна Држава Риека, но тој набргу бил окупиран, а во 1924 година и припоен од страна на Италија, на која исто така и било ветен далматинскиот брег за време на Првата светска војна, и Југославија која ја барала Истра, дел од некогашното австриско приморје, кое било припоено кон Италија, но во кое значителен дел од населението го сочинувале Хрвати и Словенци.

Усвојувањето на Видовданскиот устав во 1921 година, предизвикало тензии меѓу различните југословенски националности.Spencer Tucker. Трумбиќ се спротивставил на уставот од 1921 година и со текот на времето станувал сè понепријателски настроен кон југословенската влада за која сметал дека е централизирана во корист на српската хегемонија во Југославија.

Економија

Земјоделство мини|Словенечки фармери (1930-ти) Три четвртини од југословенската работна сила била ангажирана во земјоделството. Постоеле неколку комерцијални земјоделци, но повеќето биле селани за егзистенција. Оние на југ биле особено сиромашни, живеејќи во ридско, неплодно подрачје. Не постоеле големи имоти освен на север, а сите биле во сопственост на странци. Една од првите акции што ги презела новата југословенска држава во 1919 година била да ги разбие имотите и да располага со странски, а особено унгарски земјопоседници. Скоро 40% од руралното население претставувало вишок (т.е. вишокот луѓе не биле потребни за одржување на тогашното ниво на производство), а и покрај топлата клима, Југославија била исто така релативно сува. Внатрешните комуникации биле лоши, штетите од Првата светска војна биле големи, а со неколку исклучоци, земјоделството било лишено од машини или други современи земјоделски технологии.

Производство Производството било ограничено на Белград и другите поголеми населени центри и главно се состоело од мали, релативно примитивни капацитети кои произведувале строго за домашниот пазар. Комерцијалниот потенцијал на јадранските пристаништа во Југославија заминувал во отпад бидејќи на нацијата и недостигал капитал или техничко знаење за да управува со бродската индустрија. Од друга страна, рударската индустрија била добро развиена поради изобилството на нацијата со минерални суровини, но бидејќи со неа првенствено биле во сопственост и управувани од странци, најголем дел од производството се извезувало. Југославија била третата најслабао развиена индустријализирана нација во Источна Европа по Бугарија и Албанија.

Долг мини|Обврзница на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците за ликвидација на агро-долговите од Босна и Херцеговина, издадена на 18 јуни 1921 г.