Заксенхаген () — мал град во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Градот се наоѓа околу 9 километри североисточно од окружниот град Штатхаген и 33 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија Местоположба
Малиот град на југ се граничи со Средногерманскиот Канал и се наоѓа на само шест километри јужно од Штајнхудер Мер. Низ градот течат потоците Заксенхегер Ауе и Цигенбах.
Градот е четврт најмал град во Долна Саксонија по број на жители и по површина.
Градски единици
Кон градот припаѓаат местата Заксенхаген и Нинбриге.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Информации за градот на страницата на општинската заедница
Категорија:Шаумбург (округ)