Островот Брион (француски: Île Brion) е сега ненаселен остров во архипелагот Магдаленски Острови во средината на Заливот Сент Лоренс и дел од општината Грос Ил, Гаспезија–Магдаленски Острови, Квебек, Канада. Тоа е најсеверниот од островите во архипелагот, освен "Птичјата Карпа" (француски: Rochers aux Oiseaux), дваесет километри исток-североисток.

Островот бил откриен од страна на францускиот истражувач Жак Картие во 1534 година а името го добил во чест на Филип Шабо, адмирал на Франција и господар на Брион. Сепак, тој бил населен дури во средината на 19 век. Речиси еден век тука живеело семејството Дингвел, кое таму поседувало фабрика за конзервирање. До 1970 година главно служел за риболов. Една третина од растенијата на Магдаленските Острови и речиси сите екосистеми, со исклучок на лагуните, се наоѓаат на овој остров. Поради оваа причина, сопственици биле иселени и по спроведената експропријација, во текот на 1980-тите, островот станал природен резерват.

Географија thumb|Северна точка на островот Брион со Птичјата карпа во далечина.|260x260пксthumb|left|Плажа на јужната страна на островот.

Островот има површина од 6,5 км2 и должина од 7,5 км. Тој има ридест пејзаж и неговото неправилно крајбрежје се граничи со карпи од кои највисоките ја претставуваат највисоката точка на островот. на 60 метри надморска височина.

85% од подлогата на островот Брион се песочник, црвен или сиво-зелен, испреплетен со ретки слоеви варовник. Тој е дел од формацијата Кап о Мел, формација на талози веројатно депонирани за време на пермскиот период и која постои 299 до 251 милиони години. Таа е дел од басенот Маритим, седиментен слив кој бил формиран како резултат на акадијанска орогенеза на формацијата на Апалачи. Како и другите острови во архипелагот, островот Брион лежи на "солна купола", која е формирана со таложење на солта, полесна од околните карпи. Оваа купола се наоѓа на 2700 метри под површината.

Останатите 15% се состојат од "кватернерни" депозити, главно сместени во секторот Силони во југозападниот дел на островот.. Овие песоци и песочници биле создадени од ерозијата на песочните карпи при бранови и потоа пренесени преку морските струи до плажите. Оваа област, исто така, вклучува и дини формирани со поместување на наслагите при ветер..

Островот, како и другите острови на Магдаленскиот Архипелаг, се соочува со значителна морска ерозија. Научниците проценуваат дека до 2050 година островите 80 метри ќе се повлечат во песочни области и 35 метри на карпите..

Брегот Халдиманд (француски: Falaise Haldimand) е именуван по Фредерик Халдиманд и се наоѓа на југоисточното крајбрежје на островот."Falaise Haldimand". Geographical Names Data Base. Natural Resources Canada. Retrieved 2011-07-08.

Историја 3.500 до 4.500 години Магдаленските Острови честопати биле посетувани од разни индијански групи и истиот служел како сезонска база за ловење риби, мекотели, моржови и птичји колонии.

Кога поминал на островот во 1534 година, Жак Картие го подигнал својот втор крст и го нарекол островот Брион по неговиот главен експедициски покровител Филип де Шабо, господар на Брион и адмирал на Франција.

Островите биле посетувани од 16 век од страна на Баскијците, Норманците и Бретоните и бил сметан за рај на риболовот. Сè до средината на 19 век, постојани жители немало на островот. Првите постојани живеалишта биле изградени во 1851 година. Главниот сопственик било семејството Дингвел, кое изнајмило дел од својата земја на други жители за земјоделство. Тие управувале со продавница и финансирале експедиции за лов на фоки. Населението го достигнало својот врв околу 1878 година кога имало околу педесет жители кои живееле во пет куќи, повеќето од нив биле од шкотско потекло. Смртта на Вилијам Дингвел (1854-1907) се совпаѓа со преселувањето на повеќето жители на други острови. Неговиот брат го преземал семејниот бизнис до 1940 година, означувајќи го крајот на постојаната населба.

Светилникот на Островот Брион Светилникот на Брион бил изградена во 1904-1905 година на западниот крај. Таа бил дел од вториот бран изградба на светилници на Магдаленските Острови, подигнати за да се олесни навигацијата во Заливот. Светилникот е висок 14,9 метри. Тој бил автоматизиран во 1967 година а неговите анексни згради биле срушени во 1972 година. Прогласен е за историски споменик од страна на општината Магдаленски Острови во 2006 година.

Природен резерват Речиси целиот остров е Еколошки резерват на островот Брион (француски: "Réserve écologique de l'Île-Brion"). "Птичјата карпа" која е живеалиште на преселните птици опфаќа неколку мали острови на северозапад од островот Брион.

Еколошкиот резерват на островот Брион бил основан на 29 септември 1988 година. Тој опфаќа 90% од областа на островот, со исклучок само на западниот крај. Таа е една од ретките еколошки резервати во Квебек кој е отворен за посетителите. Еколошкиот резерват се заштитено подрачје кое има за цел интегрално зачувување на природната средина, загрозените или ранливите видови. Тие не нудат рекреативен туризам но овозможуваат истражувачки и образовни активности. Островот е познат и како важна област за зачувување на птиците преку своите места за гнездење на големиот корморан.

120px220px220px

Наводи

Надворешни врски The Bird Rocks Migratory Bird Sanctuary, Environment Canada

Категорија:Острови во Канада Категорија:МСЗП-Категорија Ia