мини|322x322пкс|Местоположба на островот Јустере во Стокхолмскиот Архипелаг Јустере е остров на Стокхолмскиот Архипелаг во Шведска.

Тој се наоѓа на северниот дел од Стокхолмскиот Архипелаг и припаѓа на општината Остеркерк на Стокхолмскиот округ. Се наоѓа околу 65 км северно од центарот на Стокхолм.

Овој остров е со површина од 62 км2 и е седумнаесетти по величина остров во Шведска.

Островот има пристап до копното преку редовна фериботска линија од Остана, и бродска линија од центарот на Стокхолм.

Има приближно околу 1500 постојани жители, а во тек на летната сезона бројот на жители расте и до 25.000 - 30.000 луѓе.

Административни историја Јустере имал своја општина сѐ до 1967 година, кога станал дел од општината Остерокер. Во 1974 година, сите делови на општината Остерокер станале дел од општината Ваксхолм, но од 1983 година, Јустере е дел од новата општината Остерокер.

Проектот за обновлива енергија на Јустере мини|Ветерна турбина на островот Јустере (2014 година)|алт=|397x397px Овој остров е место за предложениот проект за инсталирање на голем број на ветерни турбини, кои би генерирале обновлива енергија. Според проектот била планирана изградба на 23 ветерници, секоја со по два мегавати создадена електрична енергија. Биле изградени две ветерни турбини, една во 2006 година со јачина од 0,8 мегавати, а потоа уште една, која во 2009 година била надоградена до 2 мегавати. Изградбата на другите планирани турбини сѐ уште не е одобрена од општината. Проектот бил критикуван од голем број жители, и постојаните и викендашите, со забелешка дека премногу се засегнува средината на архипелагот, правејќи го да изгледа како индустриска електрана. Постојат и негативни ефекти од проектот како на пр. создавање на нискочестотна бука и паѓање на вредноста на недвижнините на островот.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Општинско мрежно место

Категорија:Стокхолм (округ) Категорија:Острови во Шведска