Звонко Богдан (р. 5 јануари 1942 во Сомбор) е истакнат изведувач на народни тамбурашки и староградски песни од Војводина, Србија. Освен тоа што е славен пејач, тој е и композитор, сликар и џокеј, и ужива углед на боемство и отменост. Живеел во Виена за време на 1990-тите години, и се вратил во Војводина по падот на Слободан Милошевиќ. Сега живее во Суботица.
Животопис Звонко Богдан е роден во Сомбор, кој во тоа време бил под унгарска окупација (во Втората светска војна), во семејство Буњевци.
Пее како негови така и традиционални песни (особено буњевски) во придружба на тамбураши. Некои од песните ги компонирал самиот (како Хеј салаши на северу Бачке). Има и песни на унгарски и ромски.
На неговите изведби го придружуваат ансамблите „Тамбурашки оркестар Јанике Балажа“ од Војводина и „Загребачки тамбураши“ од Хрватска. Звонко Богдан е сѐ уште многу активен и изведува во Србија и Хрватска, како и ширум светот каде живеат луѓе од тие краишта.
Некои од неговите најпопуларни песни се:
„Хеј салаши на северу Бачке“ „Осам тамбураша с Петроварадина“ „Већ одавно спремам свог мркова“ „Не вреди плакати“ „Говори се да ме вараш“ „Крај језера једна кућа мала“ „Фијакер стари“ „Прошле су многе љубави“ „Ко те има, тај те нема“ „У Сомбору педесет и неке“ „У тем Сомбору“ „Купићу ти ципелице“
Дискографија 1973: Звонко Богдан 1973: Бисери народне музике 1974: Звонко Богдан пева за Вас 1976: Што се боре мисли моје 1981: Звонко Богдан и тамбурашки оркестар Јанике Балажа 1984: Леголас 1980: Звонко Богдан 1984: Песме и песници 1990: Звонко Богдан 2001: Живот тече у лаганом ритму 2003: Раритети 2003: Успомене на време које се сигурно поновити неће (двојно ЦД) 2005: Звонко Богдан - Највећи хитови 2012: Звонко Богдан - Ова писма рефрен нема
Музика
Поврзано Јаника Балаж Староградска музика Тамбура
Надворешни врски
Звонко Богдан, легенда тамбурашке музике Звонко Богдан, чувар панонске шансоне („Вечерње новости“, 21. новембар 2010) Времена која вратити се неће („Политика“, 3. новембар 2012)
Категорија:Српски музичари Категорија:Српски фолк пејачи Категорија:Југословенски музичари Категорија:Луѓе од Сомбор Категорија:Војвоѓанци Категорија:Буњевци Категорија:Родени во 1942 година Категорија:Живи луѓе