Бесниот Орландо (италијански: Orlando furioso) - еп на италијанскиот поет Лодовико Ариосто од 1532 година.
Содржина Во епот се опишуваат јуначките дела на Орландо. Маварите, предводени од Аграмант војуваат против војската на Карло Велики. Додека Париз е под опсада, архангелот Михаил предизвикува неслога меѓу Маварите, но Аграмант повторно воспоставува ред.„Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 581. Подоцна, Орландо полудува од љубомора попради тоа што неговата сакана принцеза Анџелика го сакала младиот Мавар, Медор.„Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 582.
Осврт кон делото Во 1555 година се појавило продолжението на „Бесниот Орландо“, дело на шпанскиот писател Николас де Еспиноса, Во 1555 година, со наслов „Втор дел на Орландо, со Вистинскиот настан на познатата битка кај Ронсесвали“,„Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 596. во кое шпанскиот јунак Бернандо дел Карпио го победил Орландо во Битката кај Ронсесвали.„Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 583. Љубовта меѓу Анџелика и Медор била обработена во книгата на Луис Бараона де Сето, „Солзите на Анџелика“ од 1586 година.„Глосар“, во: Мигел де Сервантес, Дон Кихоте 2. Београд: Службени гласник, 2011, стр. 598.
Наводи
Категорија:Дела на Лодовико Ариосто Категорија:Книги од 1532 година Категорија:Италијанска книжевност Категорија:Средновековна книжевност Категорија:Средновековни епови