Битолска битка (1917) – неуспешен француски напад на германско-бугарските фортификации северно и западно од Битола, меѓу 12 март и 26 мај 1917 година на Македонскиот фронт во Првата светска војна.

Битката, или подобро речено, серијата операции, е позната под неколку имиња. На француски е позната како Bataille de la cote 1248 (Битка за кота 1248) и Bataille de Pelister (Пелистерска битка) според врвот Пелистер на планината Баба. На бугарски е позната како Битка за Црвени Стени според месноста Црвени Стени во под Пелистер.

Заднина мини|десно| Битола видена од Пелистер Во ноември 1916 година Антантата се обидела да ја освои Битола, но им било невозможно да го користат градот заради што истиот бил во дострел на бугарската артилерија на Баба Планина на запад и котата 1248 на север од градот. Главниот командант на Сојузниците, Морис Сарај, подготвил план за голема пролетна офанзива во 1917 година, покрај Битката на свијокот на Црна и Дојранската битка, тој исто така планирал да нападне на север и запад од Битола, кој постојано бил под непријателски оган, за да му обезбеди на градот полесно да дише.

За овој напад, Сарај располагал со 57. Француска пешадиска дивизија, 11. Француска колонијална пешадиска дивизија, 16. Француска колонијална пешадиска дивизија, 76. Француска пешадиска дивизија и 156. Француска пешадиска дивизија.

Битката Планот на Сарај бил да ја нападне непријателската линија меѓу Охридското Езеро и Преспанското Езеро и исто така на започне фронтален напад северно од Битола на котата 1248. На 11 март, операциите меѓу двете езера започнале со интензивно бомбардирање и напад на 76. Француска дивизија на Црвени Стени западно од Битола, каде освоиле ровови околу селата Дихово, Трново и Магарево. Меѓутоа непријателскиот отпор се покажал појак од очекуваниот, и заедно со крајно лошите временски услови, ова довело до тоа нападот да биде неуспешен.

Францускиот напад на котата 1248, кој требало да биде истовремено, започнал дури на 14. На 18, по 4 дена активни дејствија, Французите ја освоиле котата 1248 како и утврденото село Крклино, при што заробиле 1.200 непријателски војници. Но, непријателот успеал, со противнапад, да ја поврати котата 1248, додека врвот бил напуштен од двете страни. Битола била на некој начин заземена, но градот продолжил да биде под оган сè до воспоставување прекин на огнот, кога повеќе од половина град бил уништен со 20.700 гранати кои паднале во самиот град. Околу 500 жители на градот загинале, а 650 биле ранети.Villari (1922), pg.126

Бугарите повторно ги зазеле Црвени Стени на 18 мај.

Последици Францускиот неуспех значел дека целата пролетна офанзива во 1917 година ги оставила Сојузниците без никакви резултати.

За Бугарите оваа победа била голем морален поттик и дури се споредувала со историската победа во Битката кај Шипка против Турците во 1877 година.

Само 15 месеци подоцна Сојузниците успеале да ја пробијат бугарско-германската одбрана во Битката кај Добро Поле (септември 1918). Истото ја присилило Бугарија на капитулација, со што дефинитивно се променил стратешкиот и оперативниот баланс на војната против Централните сили.

Поврзано Македонски фронт Балканско боиште Битолска офанзива

Наводи

Надворешни врски Satellite map of the battlefield around Crvena Stena The Story of the Salonica Army by G. Ward Price, Chapter XIII Cambrian Daily Leader, Friday 30th of March, 1917 The Monastir gaines Historique du 8e RIC (anonyme, Imprimerie Mouton & Combe, TOULON 1920) Chapter X Journal de Marche et d'opérations du 34e Régiment d’Infanterie Coloniale (2 août 1914 – 1er avril 1919) Chapter VII Pages 1914-1918 Le Pelister ou Péristéri French photos of the battle for Hill 1248, showing French soldiers and Bulgarian prisoners Photos and casualties list from the bombardment of Monastir

Категорија:Битки на Балканското боиште (Прва светска војна) Категорија:Битки на Бугарија во Првата светска војна Категорија:Битки на Германија во Првата светска војна Категорија:Битки на Франција во Првата светска војна Категорија:Македонски фронт (Прва светска војна) Категорија:Македонија во Првата светска војна Категорија:Историја на Битола Категорија:Судири во 1917 година Категорија:Македонија во 1917 година Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Македонија под власта на Бугарија