Ванчо Николески (Црвена Вода, , — Црвена Вода, , ) — македонски писател, претставник на првото повоено поколение македонски писатели за деца и младина.
Животопис Ванчо Николески е роден во селото Црвена Вода во областа Дебрца, Охридско. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија.Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91-92. По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 180. Починал во Охрид, во 1980 година.„Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
Награди и признанија мини|Споменик на Ванчо Николески на Мостот на уметноста За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите:„Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149. „11 Октомври „Климент Охридски“ и „Младо поколение“. Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.„Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149.
Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.
Библиографија Николески спаѓа во основоположниците на македонската книжевност за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Своите први поетски творби ги објавил во детскиот весник „Титов пионер“.Косара Гочкова, „Разговор за делото „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески“, во: Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1987, стр. 91. Негови најпознати дела се:„Белешка за авторот“, во: Ванчо Николески, Мице, Волшебното самарче. Скопје: Детска радост, 1998, стр. 149. „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946) „Мице“ (поема, 1947) „Школско ѕвонче“ (песни, 1947) „Прва радост“ (песни, 1947) „Бабино вретенце“ (песни, 1948) „Крај огниште“ (песни, 1948) „Дедови приказни“ (песни, 1950) „Шарено торбиче“ (песни, 1950) „Татковина“ (песни, 1950) „Мое село“ (песни, 1950) „Чуден свет“ (песни, 1952) „Чудотворен кавал“ (раскази, 1952) „Мојот ден“ (сликовница, 1952) „Стани, Коле“ (песни, 1952) „Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953) „Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил, 1954) „Приказни и бајки за деца“ (1955) „Чудни случки“ (раскази, 1958) „Цвета смета“ (сликовница, 1960) „Волшебното самарче“ (роман, 1962) „Приказни од моето село“ (раскази, 1964) „Гоце Делчев“ (роман, 1964) „Чуден дедо“ (песни, 1964) „Под виорното знаме“ (роман, 1967) „Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970) „Малиот ловец“ (раскази, 1970) „Станко спанко“ (песни, 1972) „Ѕвездени вечери“ (песни, 1973) „Рачко плачко“ (песни, 1973) „Крвави години“ (хроника-роман) „Жива книга“ (раскази, 1978)
Наводи
Надворешни врски „Мое село“ — е-книга на „Македоника“ „Волшебното самарче“ — е-книга на „Македоника“ „Гоце Делчев“ — е-книга на „Македоника“ [nuub.hopto.org/greenstone3/sites/localsite/collect/col11/index/assoc/HASHa8d9.dir/VancoNikoleskiPesni.pdf „Песни, од ракопис до книга“], 2008.
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Црвена Вода (Охридско) Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“