Марија Џоџа Симон или Марика Крстеска-Шустер е македонска писателка.
Животопис
Марија Џоџа Симон или Марика Крстеска-Шустер род.Тапанџиева (германски: Marika Krsteski-Schuster) — родена во Битола на година. Основно и средно образование заврши во Битола, а потоа Педагошка Академија во Штип. До 1993 година работеше како воспитувач во Детските Градинки во Битола. Потоа замина за Германија каде и денес работи и живее со своето семејство. Во 2015 го издаде романот "Јазол до срцето".
Творештво
Јазол до срцето (англиски: A lump in the heart) (роман, 2015) Прошетка низ азбуката (поезија, 2018, заедно со Вера Благојевиќ и Лила Арсова) Замокот на мракот (поезија, 2018) Јадови (роман, 2018) Со почит кон Мајкa Tереза (поезија, 2018, заедно со Вера Благојевиќ, Љубица Поповска и Лила Арсова)
Наводи
Виртуелна библиотека на Македонија - http://www.vbm.mk/cobiss/
Категорија:Македонски писатели Категорија:Живи луѓе