Хоџкинов лимфом е тип на хематолошки малигнитет кој потекнува од лимфоцитите.

Околу половината од случаите на Хоџкинов лимфом настанале поради Епштајн–Бар вирусот (EBV). Други ризични фактори се семејната историја и ХИВ/СИДА.

Во 2015 околу 574,000 луѓе имале Хоџкинов лимфом, а 23,900 починале. Во САД, 0.2% од луѓето ја добиваат болеста во некој период од нивниот живот. Најчесто се дијагностицира помеѓу 20 и 40 години. Се нарекува според англискиот лекар Томас Хоџкин, кој прв ја опишал во 1832 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лимфоми