Полски Сеновец () — село во Северна Бугарија. Административно припаѓа на општина Полски Тр’мбеш, Великотрновска Област. Има население од околу 534 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Полски Сеновец се наоѓа во средниот дел на Дунавската Рамнина, на 12 км југозападно од општинскиот центар Полски Тр’мбеш, на 32 км северно од регионалниот центар Велико Трново, на 4,4 км од селото Стефан Стамболово, на 4,4 км од селото Петко Каравелово и на 3 км од селото Иванча.

Клима Климата во Полски Сеновец е умерена. Најниските температури во месец јануари достигнуваат до –26 °C. Највисоките температури се достигнати во месец август – до 39 °C. Највисока влажност на воздухот има во месец јануари – 85%, а во месец јули е најмала – 65%.

Историја Полски Сеновец бил основан во 14 век со обединување на околните маала Срница, Глогота и Дунавлиј Суванџиќој. Во документ од 1618 година се евидентирани 74 христијански и 2 муслимански семејства. Првото црковно училиште во Полски Сеновец било отворено во 1847 година. Во 1877 година, во Полски Сеновец имало 248 куќи.

Првото читалиште „Надежда“ било основан во 1883 година. Од 1902 година во селото работела филијала на Бугарската земјоделска банка. Во 1911 година била отворена пошта, а потоа селото добило телефонска и телеграфска врска. Селото било електрифицирано во 1945 година, a во 1949 година било основано ТКЗС „В’лко Червенков“. Во 1959 година, Полски Сеновец станал центар на нова општина во која биле вклучени и селата Куцкина, Петко Каравелово и Стефан Стамболово. Во 1978 година општината Полски Сеновец била укината, а нејзините населени места биле припоени кон општината Полски Тр’мбеш.

Галериjа

Литература Регионален държавен архив – Велико Търново Полски Сеновец – Тодор Лазаров 1984 издателство „Отечествен фронт“ авторът изказва специални благодарности на Георги Михайлов, Богдан Султов, Ангел Събев, Кирил Попов. Доклади и научни съобщения от III национална научна конференция От регионалното към националното – нумизматика, сфрагистика, епиграфика и музейно дело на Исторически музей – Полски Тръмбеш, посветена на 65-годишнината на ст. н. с. д-р Христо Харитонов, 6 – 7. IX. 2009 г. Полски Тръмбеш

Наводи

Полски Сеновец Категорија:Населени места во областа Велико Трново