Циклон-3 — ракета од Советскиот Сојуз и последователно Украинска орбитална носечка ракета. Подизведба на Р-36 ИКБР, и член на семејството Циклон, својот прв лет го има на 24 јуни 1977 година и ставена е вон употреба на 30 јануари 2009 година. Изведените Циклон ракети од страна на Украинците биле ставени вон употреба поради идните сеносечки руски ракети, како што е Ангара и бидејќи користеле отровно хиперголно гориво.APMC - Космические войска обеспечили реальность сроков сдачи в эксплуатацию перспективного РКК "Ангара" (Russian)

Наследник

Украина развива комерцијална подизведба на Циклон-3, т.н. Циклон-4.

Загуба на Еквадорски сателит по судар со отпад од ракетата Циклон-3 На 23ти мај 2013 година во приближно 05:38 UTC, Еквадорскиот сателит NEE-01 Пегас минал многу блиску до искористена горнофазен дел од ракета Циклон-3 лансирана во 1985 година над Индискиот Океан. Иако немало директен судир меѓу ракетата и сателитот се верува дека имало мал судир со дел од облакот на отпад оставен од ракета. По инцидентот се забележува дека сателитот се врти вон контрола по двете оски и не може да воспостави комункација со Земјата. Сите напори да се воспостави контрола на сателитот пропаднале, и на 28 август 2013 година донесена е одлука од страна на ЕХА и Еквадорската влада да се прогласи сателитот за загубен.

Поврзано Ангара Дњепер Циклон Циклон-2 Циклон-4

Надворешни врски Encyclopedia Astronautica- Tsiklon 3

Наводи

Категорија:Вселенски летала лансирани од Јужмаш Категорија:Космонаутиката во 2009 година Категорија:Вселенски летала лансирани од Советскиот Сојуз Категорија:Украински вселенски летала Категорија:Уништени сателити во орбитата на Земјата