Бел воден божур или бел лотос () — водно цветно растение од семејството на водните божури (Nymphaeaceae) застапено во Северна Африка, умерените делови на Азија, Европа и тропска Азија (Индија).

Опис Растението вирее во вода со длабочина од во поголеми бари, мочуришта и езера.

Листовите достигнуваат пречник од 30 см, а секое растение се разлистува во пречник од 1,5 м. Цветовите се бели, со бројни прашници.

Таксономија Растението прв го опишал шведскиот ботаничар Карл Линеј во делото Species Plantarum („Растителни видови“) од 1753 г.

Црвената разновидност (Nymphaea alba f. rosea) е воведена откако е откриена на почетокот на XIX век во езерото Фагертерн крај шумата Тиведен во Шведска. Ова довело до прекумерно отстранување на растенијата од дивината сè до нивната заштита со закон.

Снежнобелиот воден божур (Nymphaea candida J. Presl) понекогаш се смета за подвид на белиот воден божур (N. alba L. subsp. candida (J. Presl) Korsh.).

Распространетост и живеалиште Овие растенија се среќаваат во слатки води ширум Европа, делови од Северна Африка и Блискиот Исток.

Азија: Азербејџан, Ерменија, Индија (само Џаму и Кашмир) Иран, Ирак, Израел, Сибир и Турција. Африка: Алжир, Мароко и Тунис. Европа: Австрија, Албанија, Белгија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Велика Британија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Шведска, Шпанија.

Во Македонија Во Македонија расте во котлините, во мирни или бавно истечни води, сиромашни со хранливи материи, до 3 метри длабочина. Не е многу често растение, и се среќава во Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро и Катлановско Блато. Порано ова растение го имало и во Моноспитовско и Пелагониско Блато, но со нивното исушување, веќе го нема.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 90, МАНУ, Скопје, 1985

Фитохемија Белиот воден божур ги содржи активните алкалоиди нуфарин и нимфеин, кои имаат дејство на седатив. Иако растението се користи во целост, се смета дека најсилно дејство имаат цветните делови. Во минатото, калуѓерите и калуѓерките го толчеле неговиот корен и го ставале во вино; добиениот напиток се пиел како средство за потиснување на половиот нагон (анафродизијак).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Воден божур (род) Категорија:Водни растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Лековити растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година