Црвенокапчест клукајдрвец () — птица од семејството на клукајдрвците (Picidae) која живее на просторот од југозападна Костарика, па јужно во Колумбија, Венецуела, Гвајаните и Тобаго.

Птицата живее во шуми и кории. Се гнездиди во шуплини на дрва или големи кактуси. Женката несе по две јајца кои ги квачат двајцата родители и се испилуваат по 31–33 дена.

Возрасните единки се долги 20,5 см и тежат по 48 грама. На грбот и крилата имаат црно-бели риги, а задникот е бел. Опашката е црна со неколку бели пруги, а долната страна е бледокафеава.

Мажјакот има црвено „капче“ на темето и црвен тил. Кај женката истото „капчето“ е бледо кафеаво, а тилот е поблед. Младите единки имаат побледи бои, особено во црвените делови на главата и вратот.

Црвенокапчестиот клукајдрвец се храни со инсекти, но напати бере овошки и се храни со нектар.

Огласувањето кај двата пола е ѕвечкав звук крррррл.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Долгоклуни клукајдрвци Категорија:Птици на Јужна Америка