Леонардо Спинацола (; р. 25 март 1993 во Фолињо) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Наполи и на италијанската репрезентација.

Технички одлики Лев бек, кој исто така може да биде користен по десната страна, се одликува со големи физички и атлетски квалитети, отпорен на притисок и одличен во промената на темпото. Меѓу неговите најдобри квалитети се дриблингот, особено лажњакот, правејќи двојни чекори напред што му овозможува лесно да го надтрча противникот: оваа способност го прави многу ефикасен во двобоите еден на еден и во натпреварите со брзо темпо на игра.

Исто така, тој се одликува со голема брзина. Во ситуација кога ја има топката во својте нозе, најчесто одбегнува да навлегува кон средината на теренот и се движи напред по својата страна од каде што потоа испраќа дијагонално додавање кон напаѓачите или играчот од средниот ред од спротивната страна на теренот; неговиот стил на игра се одликува со први допири и брзина, чести излети на противничката половина и напаѓање во длабочина. Наспроти тоа, меѓу неговите слабости во играта се воздушните двобои и сопирање на противникот. Според стилот на игра тој е споредуван со Џанлука Ѕамброта, играч за кој Спинацола изјавил дека го вдахновува.

Кариера

Титули Клупски Јувентус Турнир Вијареџо : 1 2012 Серија А : 1 2018-2019 Суперкуп на Италија : 1 2018

Наполи Серија А : 1 2024-2025

Репрезентација Европско првенство : 1 2020

Наводи

Надворешни врски

Леонардо Спинацола на soccerway Леонардо Спинацола на transfermakt Леонардо Спинацола на espn Леонардо Спинацола на tuttocalciatori Леонардо Спинацола на whoscored

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Емполи Категорија:Фудбалери на ФК Сиена Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Виченца Категорија:Фудбалери на ФК Перуџа Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Луѓе од Фолињо Категорија:Родени во 1993 година