Флавин мононуклеотид (FMN), или рибофлавин-5'-фосфат, е соединение кое се добива од рибофлавин (витамин Б2) под дејство на ензимот рибофлавин киназа и има улога на простетична група кај разни оксидоредуктази, вклучувајќи ја NADH дехидрогеназата, како и улога на кофактор кај биолошките фоторецептори за сина светлина. Во текот на каталитичкиот циклус, се одвива реверзибилна интерконверзија на FMN од неговата оксидирана форма (FMN), во неговата полухинонската форма (FMNH•) и во неговата редуцирана форма (FMNH2), во рамките на оксидоредуктазите каде се наоѓа како кофактор. FMN е појак оксидирачки агенс во споредба со NAD, а е од особено значење во биолошките редокс процеси бидејќи може да учествува во трансфер на еден или два електрона. 

FMN е главната форма во која се наоѓа рибофлавинот во клетките и ткивата. За негово создавање потребна е енергија од ATP, но сепак тој е повеќе растворлив во водената средина на цитоплазмата од рибофлавинот. Поврзано

Флавин аденин динуклеотид Рибофлавин

Наводи

Надворешни врски

FMN при EBI базата на податоци за макромолекуларни структури (англиски)

Категорија:Нуклеотиди Категорија:Коензими Категорија:Кофактори Категорија:Оксидоредуктази Категорија:Прехранбени бои