За истоименото село, видете Извор.
Општина Извор — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Чашка. Седиште на општината било селото Извор.
Територијата на општина се наоѓала во регионот Клепа. Најголема река во општината била реката Бабуна.
Населени места и демографија Во Општина Извор спаѓале следниве села: Владиловци, Долно Врановци, Извор, Крнино, Мартолци, Оморани, Поменово, Попадија, Смиловци, Стари Град и Степанци.
На пописот од 2002 година, Општина Извор имала 1.049 жители, од кои 1.041 Македонец, 5 Срби и 3 останати.
Наводи
Поврзано
Општина Чашка Општини во Македонија Извор
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Чашка
Извор Категорија:Извор (Велешко)