Виктор Канзуров ( во ) — македонски новинар. Познат е по неговите шовинистички ставови околу македонско-бугарскиот однос, како и за заедничката историја со Бугарите, иако е новинар дебатира во полето на историјата и настапува со омраза кон Македонците, кон Македонија и кон македонските историчари.
Биографија Виктор Канзуров е роден на 2 ноември 1971 во Скопје. На 16 годишна возраст, тој дознал за неговото бугарско потекло, откако татко му го учел за наводните бугарските корени на македонскиот народ. Татко му е по потекло од леринското село Пападија, егејскиот дел на Македонија, кој се преселил во Скопје во 1968 година. По мајчина линија е од Сетина. Неговиот роднина Георги Канзуров е активист во македонската партија Виножито во Грција. Од 1999 година работи како новинар во македонските весници: „Македонско Дело“, „Вечер“, „Старт“, „Нова Македонија“ и интернет изданието „Трибуна“. После тоа, тој работел како новинар во слободна практика.
Виктор Канзуров бил претседател и еден од основачите на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ. Честопати ја критикува партијата, велејќи дека денешното ВМРО ДПМНЕ е контра теза на она ВМРО ДПМНЕ во 1990-ти години. Поради критиките упатени кон србоманството во Македонија, тој бил заплашуван и притворуван со измислени обвиненија, уште во времето кога Македонија била дел од СФРЈ. Првиот притвор бил во 1989 година на 18 годишна возраст. При откривањето на спомен бистата на Иван Михајлов во Велес во дворот на куќата на Драги Каров, тој држи говор каде што го критикува тогашниот бугарски министер, одговорен за Бугарите во странство, Божидар Димитров.
Кривична пријава Во 2008 година, Виктор Канзуров бил уапсен во интернет кафе во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, каде вршел задоволување на полови страсти пред јавност. Полицијата го привела и му поднела кривична пријава за дело „задоволување на полови страсти пред друг“. По преземени мерки, извршени разговори и препознавање од страна на една девојка, било заклучено дека осомничениот е сторител на делото.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Бугаромани Категорија:Македонски Бугари Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски затвореници и притвореници Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници во Македонија Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија Категорија:Луѓе со потекло од Попадија (Леринско) Категорија:Луѓе со потекло од Сетина