Лекар или доктор — специјалист по медицина. Лекарот е стручно лице што практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравјето преку проучување, дијагностицирање и лекување на болести, повреди и други физички и ментални нарушувања. Лекарите може да ја фокусираат нивната пракса врз одредени категории на болести, видови на пациенти и методи на третман, познати како специјалности, или да ја насочат нивната одговорност на обезбедување континуирана и сеопфатна медицинска грижа за поединци, семејства и заедници - позната како општа пракса. Медицинската пракса бара детално познавање на академските дисциплини (како што се анатомијата и физиологијата), основните болести и нивниот третман, но исто така бара и компетенции во примена на овие знаења во практиката – знаење и умеење на медицината.
Улогата на лекарот и значењето на самиот збор варираат во целиот свет. Потребните квалификации варираат во голема мера, но постојат некои општи елементи, како што е медицинската етика која бара лекарите да покажат внимание, сочувство и добронамерност за своите пациенти.
Во Македонија доктор станува лице кое завршило медицински факултет чие траење е 6 годиниСтудиска програма по општа медицина на семрежното место на Медицинскиот факултет во Скопје по чие завршување се стекнува со звање „доктор по медицина“. Како и во многу други држави за да може лицето самостојно да работи предуслов е да добие лиценца за што треба да полага стручен испит.Полагање на стручен испит на семрежното место на Лекарска комора на Македонија
После студиите можно е да се продолжи со специјализација за одредена специјалност. Специјализацијата трае од 4 до 6 години во зависност од гранката на специјализација.Времетраење на специјализации на семрежното место на Медицинскиот факултет во Скопје
Опис на работата Докторите се занимаваат со унапредување на здравјето, спречување на болести, откривање на болести, лечење на болните и медицинска рехабилитација. Во текот на студиите и пробната работа се оспособуваат за работа во поглед на примарна здравствена заштита, односно за подрачјето на општа медицина. Нивната работа вклучува дијагностицирање на болести и лечење на болни кои бараат помош во ординација, дома или на местото на несреќа. Докторите ги прегледуваат своите пациенти, земаат анамнеза при што водат сметка за телесните, психичките и социјалните аспекти на болестите, упатуваат на контролни анализи (лабораторија, рендген, ултразвук,итн.), ги толкуваат добиените наоди и на таа основа ја дијагностицираат болестите или повредите. Ја проценуваат итноста и тежината на состојбата на болните, потребата од упатување на специјалистички преглед или болничко лечење, како и опасностите за околината. Пропишуваат лекови и други начини на лечење и го следат текот на болеста и успешноста на лечењето. Заради осигурување на целокупна здравствена заштита соработуваат со други лекари, особено со специјалисти на клинички и други струки, патронажни сестри и медицински сестри во установите за нега и рехабилитација, физиотерапевти, социјални работници и други стручњаци.
Видови Во рамките на медицината, постојат лекари по општа пракса и специјалисти. Ова се некои од специјалистите: Хирург Стоматолог Интернист Педијатар Гинеколог Инфектолог Гастроентеролог Кардиолог Уролог Нефролог Офтамолог Оториноларинголог Ендокринолог Онколог Ортопед Пулмолог Хепатолог Анестезиолог Епидемиолог Имунолог Невролог Психијатар Дерматолог Физијатар Радиолог Патолог Специјалист по ургентна медицина Специјалист по лабораториска медицина Специјалист по социјална медицина Специјалиста по спортска медицина
Лекарите како тема во уметноста и во популарната култура Лекарите како тема во книжевноста „Филозофот и еќимот“ - македонска народна приказна.Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 89-90. „Докторот“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2003 година.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 27. „Познат“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 116-117. „Без душа“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 118. „Необичните доживувања на еден лекар“ - расказ на рускиот писател Михаил Булгаков.„Mihail Bulgakov 1891 - 1940. Hronologija“, во: Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008, стр. 123. „Записи на младиот лекар“ - циклус раскази на Михаил Булгаков. „Лекарот препорачува“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 12. „Перо како доктор“ (српски: Пера као доктор) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 29. „Лекар на својата чест“ (шпански: El alcalde de medico de su honra) - драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1635 година.Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, Život je san. Beograd: Rad, 1977, стр. 121. „Докторски маки“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.<ref>Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 67-69.</ref> „Срескиот лекар“ — расказ на рускиот писател Иван Тургенев.И. С. Тургењев, Ловчеви записи. Нови Сад: Матица српска, 1973, стр. 54-67.
Лекарите како тема во филмот „Лекарот“ (германски: Der Medicus) - германски филм од 2013 година, во режија на Филип Штелцл.
Лекарите како тема во музиката „Д-р Роберт“ (англиски: Dr. Robert) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.Discogs, The Beatles – Revolver (пристапено на 14.7.2020) „Дама-доктор“ (англиски: Lady Doctor) — песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.DISCOGS Graham Parker And The Rumour – Howlin Wind (пристапено на 24.12.2017) „Мил докторе“ (англиски: Dear Doctor) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.DISCOGS, Rolling Stones* – Beggars Banquet (пристапено на 13.3.2021) „Доктор Џип“ (англиски: Doctor Jeep) — песна на британската рок-група Sisters of Mercy.DISCOGS, The Sisters Of Mercy – Greatest Hits Volume One (A Slight Case Of Overbombing) (пристапено на 2.12.2019) „Наредбите на докторот“ (англиски: Doctor's Orders) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1994 година.DISCOGS, Sonic Youth – Experimental Jet Set, Trash And No Star (пристапено на 20.7.2019) „Повикајте го докторот“ (англиски: Call The Doctor) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).Spacemen 3 – The Perfect Prescription (пристапено на 22.4.2024) „Доктор Ву“ (англиски: Doctor Wu) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1975 година.DISCOGS, Steely Dan – Katy Lied (пристапено на 10.3.2018) „Докторе, докторе“ (англиски: Doctor, Doctor) — песна на англиската рок-група Ху (The Who'') од 1968 година.DISCOGS, The Who – Magic Bus (пристапено на 25.3.2018)
Поврзано Хипократ Медицина Светска здравствена организација Македонско лекарско друштво Медицинска сестра
Наводи
Надворешни врски Светска здравствена организација (официјално семрежно место) Македонско лекарско друштво (официјално семрежно место)
* Категорија:Медицина Категорија:Занимања