„Сказна за детето Вилен“ или „Сказна за Вилен“ — новела за деца на македонскиот писател Глигор Поповски, првобитно објавена во 1953 година.

Содржина Книгата се состои од следниве делови:Глигор Поповски, Сказна за Вилен, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1987. Дедо Сезнаел Патот до Големата Река е долг Во земјата на лошиот Баул Ладе Ѕуницата пие Кај стариот рибар

Осврт кон делото Новелата е напишана во форма на сказна. Во освртот кон делото, Елица и Атанас Николовски истакнуваат дека тоа е напишано допадливо, но неколку места се незаборавни, како: описот на дедо Сезнаел, патувањето на Вилен кон Големата Река, неговиот престој во земјата на лошиот Баул и средбата со стариот рибар.Елица и Атанас Николовски, „Разговор за делото „Сказна за Вилен“ од Глигор Поповски“, во: Глигор Поповски, Сказна за Вилен, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1987, стр. 44-45.

Александар Поповски го пофалува авторот како еден од ретките македонски писатели кој низ формата на сказната успева да проникне во светот на детето. Притоа, кај него постојано е присутен потсмевот кон неверојатното во сказните со што истовремено ја создава и урива штотуку создадената сказна. Тоа е особено видливо во „Детето Вилен“ каде авторот дидактички забележува дека „среќата и богатството се печалат само со труд.“ Како што подвлекува авторот, сказната „Детето Вилен“ е градена врз основа на едно народно верување кое го слушал и тој како дете. Единствено, Александар Поповски забележува дека крајот на оваа сказна веројатно ќе го разочара младиот читател, претпоставувајќи дека тој недостаток го воочил и самиот автор, кој малку невешто се обидел да се извлече, подвлекувајќи дека само го запишал она што му останало во сеќаавњето. Сепак, Александар Поповски е убеден дека авторот не ги исцрпел сите можности кои ги нуди сказната „Детето Вилен“, препорачувајќи му да се наврати пак на неа, зашто таа има можности да стане малечко ремек-дело. Најпосле, критичарот истакнува дека, и ваква каква што е, сказната „Детето Вилен“ е привлечна, едноставно раскажана, спасена од непотребни оптоварувања на реченицата и нуди широк спектар од согледувања за детето, неговите желби кон понирање во таинственоста и копнежиот за поубав свет.Александар Поповски, „Лажните бои на ѕуницата“, во: Глигор Поповски, Сказна за Вилен, Скопје: Наша книга, 1973, стр. 32-34.

Технички податоци Книгата „Сказна за Вилен“ била објавена повеќепати како заедничко издание на неколку издавачки куќи („Мисла“, „Детска радост“, „Наша книга“, „Македонска книга“ и „Култура“) и служела како задолжителна лектира за второ одделение во основните училишта на СР Македонија. Така, Изданието на „Наша книга“ од 1973 година има 34 страници, а автор на поговорот е Александар Поповски. Книгата не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.Глигор Поповски, Сказна за Вилен, Скопје: Наша книга, 1973. Изданието од 1987 година, со обем од 47 страници, било испечатено во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“, во тираж од 30.000 примероци. Илустрациите во книгата ги направил Александар Каевски, а корицата ја илустрирала Бисерка Перовска. Автори на поговорот се Елица и Атанас Николовски. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје, но не ја поседува меѓународната ознака ISBN.

Наводи

Категорија:Дела на Глигор Поповски Категорија:Романи за деца Категорија:Книги од 1953 година Категорија:Изданија на Мисла Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Култура Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Изданија на Наша книга Категорија:Појавено во 1953 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1953 година