Стефан Симиќ (роден на во ) — чешки професионален фудбалер кој настапува за ФК Фрозиноне на позајмица од ФК Милан на позиција одбрана. Симиќ има босанско потеклоСрбин из Приједора хоће да плати пут: Желим да спојим Хајрудина и Златана у Паризу glassrpske.com.
Клупска кариера
Симиќ влегол во младинските редови на ФК Славија Прага на возраст од 6 годиниStefan Simić míří do Janova at Slavisticke Noviny. Тој станал најмладиот играч кој потпишал професионален договор со клубот, на возраст од 15 години и 11 месециStefan Simić dolazi u Hajduk at NogometPlus. Симиќ ги одиграл своите први минути за првиот тим на пријателски натпревар против Хајдук Сплит на 13 февруари 2011, како дел од прославата на 100-годишнината. Но сепак тој го напуштил клубот пред официјално да дебитира, приклучувајќи се во младинските редови во ФК Џенова во Италија во јануари 2012 година. Трансферот го чинел италијанскиот клуб 12 милиони чешки круниExslávista Simič kope za AC Milán: Od áčka mě dělí jen půl roku! at isport.blesk.cz.
Тој настапувал една и пол година за Џенова Примавера пред да се пресели во ФК МиланA.C. Milan sign Genoa youngster at Forza Italian Football. Тој бил дел на младинскиот тим кој го освоил Турнирот Вијареџо во 2014 годинаMILAN B'DAYS: BEST WISHES TO STEFAN SIMIC at AC Milan official site.
Во летото 2014 година тој се приклучил на екипата од Серија Б, ФК Варесе на позајмица и одиграл 17 натпревари во текот на сезоната. По пропуштањето на првата половина од сезоната 2015/2016 поради повреда Stefan Simić za Germanijak: Na Hajduku mogu zahvaliti "onom gore", želim duplu krunu za Torcidu! at Germanijak, Симиќ требало да се приклучи на ФК Хајдук Сплит во 6-месечен договор за наем во јануари 2016 година. Сепак, на денот кога требало да потпише за клубот, додека бил веќе во Сплит, тој бил повикан во Милан поради повредата на неговиот соиграч Мексес.
За сезоната 2016-17, тој бил позајмен во белгиската Прва дивизија на ФК Ројал Мускрон.
На 31 август 2017 година, тој бил позајмен повторно, овојпат на ФК Кротоне од Серија А каде во сезоната 2017/2018 одиграл 9 натпревари. Во 2018 година бил продаден на ФК Милан, но на полусезоната бил даден на позајмица во ФК Фрозиноне.
Меѓународна кариера
Симиќ избрал да настапува за Чешка, иако имал можност да игра за Хрватска или Босна и Херцеговина, од каде што неговите родители потекнуваат. Тој имал 40 настапи и 1 гол помеѓу 2011 и 2014 година за чешките младински државни репрезентации, играјќи на нивоата U16, U17, U19, U20 и U21Stefan Simič at nv.fotbal.cz. Тој го имал своето деби за Националната фудбалска репрезентација на Чешка на 11 ноември 2017 година во победата од 1-0 против Катар.
Личен живот
Семејството Симиќ потекнува од Приедор од Босна и Херцеговина, но живеело и работело во Загреб, Хрватска, пред да се пресели во Прага, пред неговото раѓање.
Наводи
Надворешни врски Czech national team statistics at Fotbal.cz
Категорија:Живи луѓе Категорија:Чешки фудбалери Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Кротоне Категорија:Фудбалери на ФК Фрозиноне Категорија:Фудбалери во Серија А