Кирил Георгиевски – Дејан ( во — во ) — македонски комунист, првоборец, инженер-архитект, политичар, државник и резервен потполковник на ЈНА. Бил носител на Партизанска споменица 1941.

Животопис мини|лево|Членови на ГШ на НОВ и ПОМ на планината Кожув, јануари 1944 година, Михајло Апостолски, Милица Вукмановиќ и Киро Георгиевски - Дејан Завршил Технички факултет во Белград. Како член на КПЈ (1941) дејствувал во народно-ослободителното движење во Скопје (1941-1943), поради што во отсуство бил осуден на смрт од страна на бугарскиот окупатор. Во НОАВМ бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ (од кон крајот на 1943), а работел на територијата на Втората оперативна зона и Вториот областен комитет, а служел и за врски со партизанските единици од територијата на Македонија под Грција (Егејска Македонија). Бил избран за: делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат-учесник на Првото заседание на АСНОМ и заменик на началникот на ОЗНА за Македонија (до 1945 година).

По Ослободувањето на Македонија, бил министер за комунални работи на НРМ, претседател на Планската комисија на НРМ, претседател на Советот за пошумување на голините, генерален секретар на Владата на НРМ, претседател на Републичкиот совет на Собранието на СРМ, член на ЦК на КПМ/СКМ и на ЦК на КПЈ/СКЈ и претседател на Црвениот крст на Македонија.Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 348.

Наводи

Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Починати во Скопје Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ