мини|десно|Плетена капа Капа е предмет за облекување кој се става на главата и служи за заштита од врнежи, студ, сонце, но исто така и како моден детал. Капите можат да се изработуваат од различни материјали: волна, платно, кожа или синтетички материјали.Kape za trčanje
Видови Постојат повеќе различни начини како можат да се поделат капите. Пред сè според материјалот и времето кога се носат. Плетените капи обично се направени од волна и се погодни во студените зимски месеци. Меѓу имињата на капи често можеме да ги слушнеме следниве: Шапка Шубара Валана капа Фес Шајкача Скуфија Турбан Качкет Беретка Титовка Тубетејка Фригиска капа Камилавка Ушанка Личка капа Калпак Гардиска капа и многу други. Капата како тема во уметноста и во популарната култура „Капата и сватот“ (српски: Капа и сват) — српска народна приказна.Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 405. „Невидливата капа“ — српска народна приказна.Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 73-76. „Волшебната шубара“ — кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 128-138. „Трите шапки на мистер Хепи“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 42-44. „Шеширот на дедо“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 80. „Бајка за црвеното капче“ (руски: Сказка о красноҋ шапочке) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1917 година.Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 96. „Капа“ — краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 170-171. „Шапка од леопардова кожа“ (англиски: Leopard-Skin Pill-Box Hat) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1966 година.YouTube, Bob Dylan - Leopard-Skin Pill-Box Hat (Audio) (пристапено на 23.12.2019) „Пријатно, поркпај капо“ (англиски: Goodbye Pork Pie Hat) — песна на американскиот џез-музичар Чарлс Мингус (Charles Mingus).Discogs, Joni Mitchell – Mingus (пристапено на 31.1.2021) „Фес“ (англиски: The Fez) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1976 година.[htttps://www.discogs.com/master/16969-Steely-Dan-The-Royal-Scam Steely Dan – The Royal Scam (пристапено на 20.4.2024)]
Надворешни врски
Галерија
Наводи
Категорија:Мода Категорија:Капи Категорија:Облека Категорија:Предмети