Санкти Спиритус () е една од покраините во Куба. Главен град е Санкти Спиритус. Друг град од поголема важност е Тринидад.

Јужното крајбрежје на покраината е рамно, но западниот дел е планински. На југоисток се наоѓаат бројни ризофори и мочуришта.

Во оваа покраиниа се наоѓа најголемиот вештачки резервоар во Куба, наречен Ембалсе Заза.

Туризмот е голема стопанска гранка во покраината, кој се случува околу Тринидад, град кој му припаѓа на Светското културно наследство со дузини колонијалн згради (и речиси без архитектура од XX век) кои датираат од шпанската хегемонија во 1500-тите. Како речиси цела Куба, шеќерната трска и говедата се важни за стопанството. Тука во извесна мера се одгледуваат и тутун и ориз.

Во XVII век, холандски и британски пирати пробале да ја заземат оваа територија, но биле неуспешни, бидејќи шпанскиот гарнизон постојано ги одвраќал. Од 1660 до 1680, Тринидад бил преполн со пирати од Јамајка и Тортуга, и на двапати тие го срамниле градот со земја.

Покраините Сиенфуегос, Санкти Спиритус и Виља Клара биле дел од некогашната покраина Санта Клара.

Општини

ОпштинаНаселение(2004)Површина(км²)МестоположбаЈагвахајКабајгван Ла Сјерпе Санкти СпиритусТагваско ТринидадФоментоХатибонико

Извор: Население од пописот во 2004 г. Површина според општинската прераспределба од 1976 г.

Наводи

Надворешни врски Портал на покраината Санкти Спиритус

Категорија:Покраини во Куба

Категорија:Држави и територии настанати во 1976 година