Карлес Пуџдемон и Казамажо (; ) — каталонски политичар и новинар од Шпанија. Тој бил претседател на Генералитатот на шпанската автономна заедница Каталонија од јануари 2016 до октомври 2017 година, кога бил отстранет од функцијата од шпанската влада по усвојувањето на декларацијата за независност на Каталонија. Пред да стане претседател на генералитатот, Пуџдемон бил градоначалник на Жирона и член на парламентот на Каталонија како претставник за покраината Жирона.
Наводи
Надворешни врски
Карлес Пуџдемон, профил на мрежната страница на каталонскиот парламент (архивирано)
Категорија:Претседатели на Генералитатот на Каталонија