Шимон Марчињак (; р. ) — полски меѓународен фудбалски судија. Суди во полската лига Екстракласа, како и на натпревари во Лигата на шампиони и во Лига Европа на европско ниво.
Кариера
Марчињак е роден во Плоцк, Полска. Станал судија во ФИФА во 2011 година.FIFA. "Poland: Referees" . 28 април 2013. Судел на квалификациите на Светското првенство во фудбал 2014, започнувајќи со натпреварот во групата Ф помеѓу Португалија и Азербејџан.FIFA. "Match Report – Portugal – Azerbaijan 3:0 (0:0)" . 11 септември 2012. 28 април 2013.
На 30 јуни 2015 година бил главен судија на финалето на Европско првенството во фудбал за играчи под 21 година 2015.
Судел три натпревари на Европското првенство во фудбал 2016: Шпанија-Чешка и Исланд-Австрија во групната фаза на првенството, како и Германија-Словачка во следната фаза.
На 29 март 2018 година, ФИФА објавиле дека ќе суди некои натпревари на Светското првенство во фудбал 2018 заедно со Павел Соколницки и Томаш Листкјевич како помошници.
Наводи
Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Полски фудбалски судии Категорија:Фудбалски судии на Светското првенство во фудбал 2018