центар|мини|Амблемот на Војводи Тетово Формирана 1988 Вид Навивачи, Ultras група Навиваат за ФК Тетекс КК Тетекс ФК Љуботен Трибина Јужна Мото Со верба во Бог, Војводи до гроб

Војводи Тетово — навивачка група која потекнува од 1988 година и ги бодрат првенствено ФК Тетекс и КК Тетекс, а потоа и сите македонски спортски клубови од Тетово како што се ФК Љуботен, ОК Бамикор и други. Нивно препознатливо лого е рака со крст кој го претставува значењето на православието во групата.

Историја

Навивање во Тетово постои уште кога ФК Тетекс играл во Втората Југословенска лига во раните 1980-ти години меѓутоа без никакво организирано навивање. На 28 октомври 1988 година официјално е формирана навивачката група „Војводи“ на натпреварот помеѓу ФК Тетекс и Балкан Стококомерц, а нивно прво гостување е во Лесковац, Србија.

Структура

Навивачката група има свое Претседателство, односно Управен одбор, Статут и членска карта. Бидејќи како група од град во којшто Македонците се втори по бројност, неможат да се пофалат со бројка на навивачи но сепак се издвојуваат во Тетово од другите навивачки групи поради нивната креативност и стил на навивање.

Активности

Имаат изработено неколку видови на маици, шалови, транспаренти, налепници и останат навивачки материјал. Целиот материјал го изработуваат сами без скоро никаква поддршка на клубовите, со многу мал исклучок. Нивно најдолго изработено знаме е „Со верба во бог, Војводи до гроб“ кое е долго околу 45 метри.

Општо во Тетово владее негативно мислење и дека се хулигани поради изминатите нереди, меѓунационални конфликти и со самото тоа добиваат многу мала поддршка од структурите на градот па и од управите на спортските клубови кои ги бодрат.Тепачка меѓу навивачи во ТетовоIncidents at the derby of Tetovo

Под едно име и едно знаме Организатори се на иницијативата за обединување на сите навивачки групи во Македонија со мотото „Под едно име и едно знаме“. Целта на оваа иницијатива е организирано и здружено бодрење на македонските репрезентации во фудбал, кошарка и ракомет.Успешна иницијативата на Војводи

Гостувања алт=|мини|371x371пкс|Војводи на гостување во Велес (1993) Групата е скоро секогаш присутна било кога и каде да игра нивниот клуб ФК Тетекс. Имаат бројни гостувања скоро во секој град низ Македонија и воглавном гостувањата поминувале без инциденти.Војводи го бодреа Тетекс во Скопје

Кога се работи за репрезентациите на Македонија, групата секогаш стои на располагање и редовно одат на гостувања а како доказ за тоа се многуте гостувањата во Србија, Хрватска, Словачка, Словенија, Литванија, Полска, Германија, Шведска и други.

Наводи

Категорија:Фудбалски навивачки групи во Македонија Категорија:ФК Тетекс