Наше македонско — светло пиво, автентично подготвено според оригинален рецепт кое го произведува „Кожувчанка“ од Кавадарци.
Вкус Пивото се одликува со специфична балансираност со пријатна горливост и вкус, што го зголемува уживањето. Ова премиум пиво се подготвува во најсовремени услови, во Македонска пивара, под компанијата со традиција од 1995 година, Кожувчанка од Кавадарци .
Процес на производство Свежото наше македонско пиво во резервоарот доаѓа директно од пиварницата при што се заобиколува процесот на пастеризација и веднаш се транспортира во резервоари со контролирана температура во рок од неколку часа. Пивото од сопствена лежна визба се складира и точи преку совршено чисти садови и цевовод и има рок на користење најмногу три месеци, што му гарантира на конзументот, постојан квалитет и свежина на производот. Производствените капацитети каде што се произведува наше македонско пиво се наоѓаат во селото Мрежичко, во подножјето на Кожув, од каде се користат и свежите водни извори од кои се полни и минералната вода „Кожувчанка“.
Пакувања „Наше македонско пиво го има во РЕТ амбалажа од 1.5 литри и стаклена амбалажа од 0.33 и 0.5 л, како и пакување од 24*0.33 и 24*0.5л“.
Галерија
Наводи
Категорија:Македонски пива