Вранчашкиот земјотрес од 1802 се случил во Вранчашките Планини во Романија на , на Петковден. Со проценет интензитет од 7.9 според скалата на моментна магнитуда, тој бил најсилниот земјотрес за кој се знае во Романија и еден од најсилните во европската историја. Тој се чувстуваше низ површина од повеќе од два милиони квадратни километри во Источна Европа и на Балканот, од Санкт Петербург до Егејското Море.
Во Букурешт, се проценува дека интензитетот на земјотресот бил околу VIII–IX според Меркалиевата скала. Тој собори повеќе црковни кули и го урна Котроченскиот манастир. Бројни пожари избувнаа, главно од уништени печки. Во Бугарија, градовите Русе, Варна и Видин беа речиси целосно уништени. Јачината на земјотресот предизвика пукнатини на ѕидовите дури до Москва.
Главниот земјотресот беше проследен со серија од последователни потреси, од кои најголемиот беше со јачина од 5.5.
Штета и жртви Главниот шок го погоди Букурешт помеѓу пладне и 13 часот. Земјотресот се чувствуваше околу 10 минути и беше толку силен што сите оџаци во градот се распаднаа. Бројни историски споменици беа уништени, вклучувајќи ја и црквата Св. Никола, Котроченскиот манастир и 54-метри високата Колтејска кула. Според грчкиот хроничар Дионис Фотино, принцот Константин Ипсиланти се пресели со своето семејство во Вакарешкиот манастир бидејќи неговата палата беше сериозно оштетена. И покрај огромните оштетувања на објектите, само четири смртни случаи биле пријавени: еврејска жена и нејзиното бебе, патувачки трговец кој починал кога Колтејската кула се сруши и уште една жртва. Бројот на смртни случаи беше толку низок бидејќи куќите биле изградени со големо растојание измеѓу и биле опкружени со големи дворови и градини, па затоа вибрациите од градбите не се прошируваа. Исто така, градежните материјали — главно шиндра и дрво — биле лесни.
Во Јаш, ѕидовите на кнежевските дворови се срушија, како и многу цркви и манастирски кули. Во Сучава, ерменската црквовна кула се здоби со пукнатини, додека во Пашкани се појавија пукнатини на ѕидовите на црквата Св. Архангел. Други верски објекти оштетени за време на земјотресот биле Кнежевската црква на успението во Барлад и Кашинскиот манастирот во Бакау.
Брашов и неговата околина, вклучувајќи ја и градската Црна црква, беа сериозно погодени. Според локалните хроники во селото Бод повеќе од 50 куќи и неколку цркви беа оштетени или уништени. Градбите се срушиле во Сибиу, вклучувајќи ја и градската католичка црква. Цариград и соседните провинции исто така претрпеле голема штета. Првично, се мислеше дека Цариград, престолнината на Османлиското Царство, биле целосно уништен. Писмо од Петроварадин особено го опишува уништувањето во галатскиот округ, на Топкапи-сарај, Црква Света Софија и одринската чаршија. Главниот шок и последователните потреси траеле до 30 минути.
Во 13:30 часот, силни потреси се почувствувале во денешна Украина. Последователните потреси, кои вкупно биле шест, траеле само три минути и биле толку силни што камените згради во Киев и Лавов се разнишале и градските камбани почнале да ѕвонат. The Gentleman's Magazine напиша за штетата во Москва: "ѕидовите биле распукнати, прозорците искршени и покривите пропаднати". Анатолиј Друмеја, академик од Кишинев, напиша во писмо како една дадилка шетала едно мало момче во количка во дворот на ломоносовската универзитетска библиотека кога во 13:53 часот "статуите почнаа да паѓаат" и камените клупи се обрнале. Момчето беше идниниот руски поет Александар Пушкин.
Интензитет Локација Интензитет Букурешт IX Јаш Кишинев VIII–IX Крајова Русе, Силистра VIII Дева, Себеш, Сигишоара Видин, Варна Черновци Сорока VII Киев VI Истанбул V–VI Москва IV–V
Возобнова на Букурешт мини|229x229пкс|Принцот Константин Ипсиланти, кој ја нареди реставрацијата на Букурешт по земјотресот. По земјотресот, Константин Ипсиланти нареди итна возобнова на Букурешт. За да се спречат мајсторите и занаетчиите од профитирање од катастрофата, тој постави максимални плати за нивната работа. Букурешт беше возобновен во рок од неколку години, иако некои згради и структури никогаш не биле вратени во нивните предземјотресни состојби.
Неколку земјотреси се случиле во последователните години, но тие предизвикале релативно малку штета. Еден земјотрес од 15 јуни 1803 ги погоди водните системи на Букурешт со што многу од пумпите станале неупотребливи. Три други големи земјотреси се случија во 1804 и 1812 година.
Наводи
Категорија:Земјотреси Категорија:Природни катастрофи Категорија:Историја на Романија Категорија:19 век во Европа