Донечка Народна Република, скратено ДНР (, ) — непризнаена држава во Источна Европа. Таа била прогласена во месец април 2014 година во границите на Донечката област која де јуре е дел од територијата на Украина. Географски републиката граничи со Украина на север и на запад, со Русија и исто така самопрогласената Луганска Народна Република на исток, a на југ излегува на Азовското Море.

Релјефот на републиката е ридско рамниште, испресечено од речните долини. Просечната надморска височина на теренот е 140 метри. Главен и најголем град е Донецк. Според статистики на владата на ДНР од 1 јануари 2018 година на нејзина територија живеат околу 2 милиони жители.Број на населението на Донечка Народна Република од 1 јануари 2018 година Службени јазици на републиката се рускиот и украинскиот, додека официјална валута е руската рубља.

Иако де факто постои, Донечката Народна Република не е признаена од поголемата меѓународна заедница. Таа единствено е официјално признаена од ЛНР и на 27 јуни 2014 година од исто така самопрогласената Јужна Осетија.Указ „За признавањето на Донечката Народна Република“ Со указ на претседателот Владимир Путин, од 18 февруари 2017 година, граѓаните на ДНР може да патуваат, работат и студираат во Русија.Указ за признавање на документи издадени на граѓани на Украина и лица без државјанство кои живеат на териториите на одделните региони на Донечката и Луганската област во Украина Според Украина, Донечката Народна Република е создадена и управувана од „терористичка организација“.

Историја мини|лево|Проруски демонстрации на 7 април пред зградата на локалната управа во Донецк Прогласување Како резултат на проруските немири во Украина во 2014 година, на 6 април проруски сепаратисти упаднале во зградата на локалната управа во Донецк и повикале на вонредна седница на Донечката област на која ќе се закаже референдум за соединување на областа со Русија, сличен на оној во Крим, а во спротивно тие ќе ги отпуштат сите членови на локалниот совет и ќе прогласат т.н. народен мандат, со што ќе се изберат нови членови на советот. Така, наредниот ден, на 7 април била прогласена Донечката Народна Република.

Независност од Украина На 11 мај 2014 година на териториите под контрола на сепаратистите во Донечката и Луганската област се спровел референдум на кој во Донецк било поставено прашањето „Дали го поддржувате Актот за државна самостојност на Донечката Народна Република?“ на кој според информациите од ДНР излегле 74 отсто од населението и позивитно гласале 89%. Следниот ден, на 12 мај претседателот на привремената влада на ДНР, Денис Пушилин прочитал проглас во кој се објаснува дека врз основа на резултатите од референдумот, народот официјално ја прогласува Донечката Народна Република за суверена држава. Референдумот не е официјално признаен од ниту една држава, а некои земји го сметаат за неуставен и без легитимитет.

Наводи

Надворешни врски

Донечка Народна Република — Официјално мрежно место Донечка новинска агенција (ДАН)

Категорија:Непризнаени држави и територии Категорија:Донечка област Категорија:Држави и територии настанати во 2014 година Категорија:Донбас