Христо Дума (28 ноември 1919, Битола - , Битола) — македонски педијатар, редовен професор, директор на Клиниката за детски болести и шеф на Катедрата за педијатрија во Скопје.д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 53-56
Животопис Основно училиште и гимназија завршил во Битола, и во 1937 година започнал медицински студии во Белград. Во 1941 година, ги прекинал студиите поради учество во НОБ. Дипломирал во 1948 година, а специјализирал во 1953 година, кога престојувал и во Париз на девет месеци.
Кариера Христо Дума бил управник на Општата болница во Битола и раководител на Детскиот оддел. Во 1956 година, тој бил избран за редовен асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 1957 година станал управник на Клиниката за детски болести во Скопје. Во периодот од 1969 до 1971 година, тој бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје. За редовен професор, тој бил избран во 1971 година. На клиниката со која раководел основал цитогенетска и хемоглобинска лабораторија, како и хематолошка цитолошка и генетска лабораторија. Бил член на редакцискиот одбор на списанието „Југословенска педијатрија“ од Загреб, и член на Југословенската комисија за раст и развој. Автор е на над 130 научни трудови.
Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои во 1986 година, му била доделена Повелбата „Д-р Трифун Пановски“.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски педијатри Категорија:Македонски декани Категорија:Македонски Власи Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски педијатри Категорија:Југословенски декани Категорија:Југословенски Власи Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Декани на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје