мини|десно|200п|Улица „Млада Босна“, главна улица во Андриќград мини|десно|200п|Споменик на Петар Втори Петровиќ Његош во Андриќград

Андриќград или Каменград — град, културен центар и вид етносело, кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав во Вишеград, а чиј идеен творец е режисерот Емир Кустурица. За посетителите бил отворен на 5 јули 2012 година.

Градот е изграден од камен и во него има педесетина објекти „Андрићев Камен град у Вишеграду и Емир Кустурица — гради се туристичко историјски комплекс на Дрини“, Александар Парезановић, 17 април 2012; . Во градот постои градски театар, модерно кино, градска управа, академија на убави уметности, Андриќева гимназија, речна марина и пристаниште, хотели, плоштади, црква, стар ан, дуќани и спомен куќа на Иво Андриќ . Планирано било во рамките на академијата на убави уметности во Каменград, да работи факултет за режија. Се очекувало Србија, а можеби и некои други земји да отворат свои конзулати и почесни конзулати во Андриќевиот град . На 28 јуни 2013 година отворен е Андриќев институт.Андрићев институт ум и душа Андрићграда („Политика“, 28. јун 2013)

Во 2016 година била основана меѓународна Академија на уметностите за школување на глумци, режисери и сродни занимања.Андрићград постаје студентски град („Политика”, 1 август 2016)

На Видовден, 28 јуни 2014 година, била осветена црквата посветена на Светиот цар Лазар и косовските маченици.

Споменик на Иво Андриќ Споменикот на Иво Андриќ се наоѓа на плоштадот Никола Тесла во централниот дел на Андриќград. Споменикот, висок 2,4 метри, бил откриен је на Видовден 28 јуни 2012 година за време на свеченоста за обележување на почетокот на изградбата на Андриќград. Споменикот настанал како реакција на рушењето на бистата на Иво Андриќ во Вишеград во 1991 година. Бистата на Иво Андриќ во Вишеград била срушена на 1 јули 1991 година од петмина муслимански екстремисти и потоа фрлена во Дрина.

Споменик на Петар II Петровиќ Његош Споменикот на Његош, се наоѓа на истоимениот плоштад, пред црквата на светиот кнез Лазар.

Споменикот е идентичен со неговите споменици во Подгорица и Белград.

Историја Каменград е промотивен проект на Република Српска.Радио-телевизија Републике Српске: „Пројекат Каменград“, 28 февруари 2011. Идејата за проектот потекнала од разговор меѓу Милорад Додик и Емир Кустурица на 30 ноември 2009 година во Бања Лука Радио-телевизија Републике Српске: Додик и Кустурица о припреми филма „На Дрини ћуприја“, 30 ноември 2009. , при што било замислено Каменграда во Вишеград да биде верзија на Дрвенград во Мокра Гора, негова туристичка атракција и „синоним за културата и уметноста на Република Српска“. Дрвенград од Вишеград е оддалечен околу 20 км. Идејниот концепт за Каменград е на Емир Кустурица.Радио-телевизија Републике Српске: Почетак изградње Каменграда на Видовдан, 27 февруари 2011.

Галерија

Поврзано Дрвенград Краљевград Андриќев институт

Наводи

Надворешни врски

Званична интернет презентација Андрићграда (www.andricgrad.com ) Радио-телевизија Републике Српске: Почетак изградње Каменграда на Видовдан, 27 февруари 2011. Радио-телевизија Републике Српске: Вишеград — Кустурица: Урађен идејни пројекат Каменграда, 4 јануари 2011. Радио-телевизија Републике Српске: Вишеграђани одушевљени идејом о изградњи Каменграда, 2 јануари 2010. Радио-телевизија Републике Српске: У Вишеграду почела градња „Андрићграда“, 28 јуни 2011. Радио-телевизија Републике Српске: Репортажа: Каменград Андрићев град, 30 јуни 2011. Крај ћуприје град за понос („Вечерње новости“, 6. новембар 2011) Вечерње новости: Споменик Андрићу у Вишеграду, 26. јун 2012. Press online: Свечаност на Дрини у славу нобеловца Иве Андрић, Вишеград 28. јун 2012 B92: Andrićgrad: Nagrada od 100.000 evra, objavljeno 29 јули 2012.

Категорија:Национални симболи на Република Српска Категорија:Општина Вишеград Категорија:Етно-села во Република Српска Категорија:Култура на Република Српска Категорија:Туризам во Република Српска Категорија:Архитектура Срба у Босни и Херцеговини Категорија:Знаменитости во Босна и Херцеговина Категорија:Иво Андриќ